Monday, November 11, 2013

КАКО ДА ОТКРИЕТЕ ШТО Е ТОА ШТО ВЕ ПРАВИ ПОСЕБНИ ?



ШТО Е ТОА ШТО ВЕ ПРАВИ ПОСЕБНИ ?


Милијарди луѓе живеат на нашава планета и сите се разликуваат едни од други.Секој е посебен на свој начин. Секој поседува свои квалитети по кои се разликува од останатите.
Луѓето по својата природа сакаат и се споредуваат. Споредувајќи се со другите, многумина ќе се почувствуваат помалку вредно. Да се споредувате со другите луѓе, а при тоа да не преземате ништо за да ги истакнете и да ги искористите вашите квалитети, едноставно е губење време. Единствената личност со која треба да се споредувате и натпреварувате сте вие,
затоа што вие сте единствени, посебни, со свои квалитети по кои се разликувате од останатите.Секогаш бидете оној кој што сте, без да се обидувате да бидете некој друг. Вие сте личност со своја животна приказна, која може да наликува на некоја друга, но не може да биде иста. Никој не е како вас и никој никогаш нема да биде.
Размислете за тоа кои се вашите таленти, вештини, начин на живеење, интереси и за се она што ве издвојува од останатите. Другите луѓе се добри во одредени работи, но сигурно дека и вашиот список нема да биде кус. Ниедна личност не е и не може да биде толку идеална како што тоа навидум ви се чини.
Откако ќе ги согледате вашите квалитети, ќе откриете, што е тоа што ве прави посебни.

Тоа можеби се :
  
  • вашите чувства
  • вашите неповторливи искуства
  • вашите одредени таленти
  • вашите знаења
  • вашата смисла за хумор
  • вашиот шарм
  • вашиот начин на комуникација
  • вашата прекрасна насмевка
  • вашата внатрешна убавина
  • вашите интереси
  • вашиот стил на живеење
  • вашата храброст
  • вашата одлучност
  • вашата упорност
  • вашата инвентивност
  • вашата хуманост
  • вашата креативност
  • вашата амбициозност
  • вашата великодушност ........................................................................................
Списокот е долг, но оставам вие да го дополните откривајќи, што е тоа што ве прави толку посебни и единствени ?
Земете длабоко воздух, затворете ги вашите очи, почувствувајте се специјално и уживајте во убавините на вашиот живот !



"БИДИ ОНА ШТО СИ, СЕ ДРУГО ВЕЌЕ Е ЗАФАТЕНО"
                                                                   - OSCAR WILDE -

No comments:

Post a Comment