Tuesday, November 5, 2013

КАКО ДА ГО ПРЕПОЗНАЕТЕ МАМИНИОТ СИН ?




МАМИН СИН

"Мамин син" е оној кој е под огромно влијание на својата посесивна и љубоморна мајка, која не успеала себе си да се реализира како личност, па сите нејзини животни промашувања односно неуспеси во љубовниот и брачниот живот несвесно бара да ги реализира контролирајќи го секој и нај мал чекор на својот син. Тој обично е единец и живее само со својата мајка, но може да живее и со двата родители каде што мајката се чувствува нереализирано и незадоволна од бракот. Таа постојано му потенцира на својот син дека таа е единствената која што може да го сака и дека е единствената која што му е нај добар пријател. Секогаш се труди да го анализира својот син и да ги прочита неговите желби. Со задоволство му доверува свои тајни, па дури и некои пикантерии од својот живот. Таа често сака и прикажува слика за себе како несреќна жртва на машката себичност, грубост и негрижа. Особено често му повторува на својот син како таа за него била жртва во нејзиниот живот.
Таа е незадоволна од својот брак, па за цело време го убедува својот син дека тој не е како неговиот татко, односно дека тој својата мајка секогаш ќе ја почитува и ќе ја сака и нема да дозволи таа и заради него да трпи и да биде несреќна. Ова укажува на тоа дека мајката има емоционални проблеми за кои таа воопшто не е свесна.
Повеќе знаци сигнализираат дека ваквата посесивна и љубоморна мајка има изградено нездрав сопственички однос со својот син, но не е потребно да постојат сите за да синот ги воочи, и сфати дека го чекаат неволји и дека хитно треба да се заштити од нив. Тоа ќе го постигне само ако одлучно се спротивстави на " советите " од својата мајка, нејзините застрашувања, закани и други притисоци кога е во прашање неговиот љубовен живот.
Она што нема никаква смисла да се прави е да се расправа со својата мајка, нешто да и докажува или за цело време со неа да се препира. Од тоа синот нема да има никаква корист, затоа што постапките на мајката не се темелат на разум, знаење или животно искуство, туку на емоционалното устројство на нејзината личност. На ваква личност која што во себе има емоционален хаос, не може да се влијае со логика, докази, уверувања и здрав разум. Затоа таа не ги прифаќа дури и нај добронамерните искажувања од нејзиниот син, доколку тој се обидува да го оправда својот љубовен живот или да ја одбрани својата партнерка.




ШТО ДА НАПРАВИТЕ ВО ВАКВА СИТУАЦИЈА ?

Постапките на мајката просто не треба да ги гледате, да не реагирате на нив. Ако тоа не помогне и ако љубоморната мајка ги засилува своите напади врз љубовниот живот на својот син и нејзиното однесување стане неподносливо, или пак синот започнува да чувствува дека подлегнува на нејзините разорни совети во однос на жените, единствен излез е да го напушти родителскиот дом. Што подалеку тоа подобро.
Ова ќе му го олесни сознанието на синот дека мајка му не го врзува за себе од преголема љубов, туку од себичност. Тој на неа и е потребен за да ги изживува своите посесивни страсти, заради својата неостварена и незадоволена жаенскост. Во ваков случај синот треба да биде начисто со тоа дека неговата мајка не го сака со вистинска мајчинска љубов, иако е тоа болно да се прифати. Ова е вака бидејќи, ако таа му пружа вистинска мајчинска љубов, нема упорно да настојува да му ја оневозможи животната среќа. Секоја вистинска љубов, па и мајчинската настојува саканата личност пред се да ја направи среќна. На ваквата мајка и е неопходно потребна стручна помош од страна на психијатар или психолог.


ЗА ТОА ШТО Е ПОТРЕБНО ДА ПРЕЗЕМЕТЕ ВО ВАКВА СИТУАЦИЈА ЧИТАЈТЕ ВО СЛЕДНИОТ ПОСТ СО НАСЛОВ:

КАКО ДА СЕ СПРАВИТЕ СО ПОСЕСИВНАТА МАЈКА ?


Овој текст  е резултат на лично искуство и консултации со психијатри и психолози, но доколку ви е потребен конкретен стручен совет обратете се кај стручни лица за да ви ја пружат соодветната помош !




No comments:

Post a Comment