Saturday, November 2, 2013

КАКО ДА ГИ ПРЕПОЗНАЕТЕ СИМПТОМИТЕ НА ЕСЕНСКАТА МЕЛАНХОЛИЈА ?



КОИ СЕ СИМПТОМИТЕ НА ЕСЕНСКАТА МЕЛАНХОЛИЈА ?


После многуте сончеви денови кои што ни ги даде оваа есен, следуваат темните и тмурни денови. Многумина се чувствителни на промената и запаѓаат во меланхолија, или позната како сезонско пореметување на расположението. 




 СЕ ПРАШУВАТЕ КАКО ДА ГИ ПРЕПОЗНАЕТЕ ЗНАЦИТЕ ИЛИ СИМПТОМИТЕ 
НА ЕСЕНСКАТА МЕЛАНХОЛИЈА ?

СИМПТОМИ НА ЕСЕНСКАТА МЕЛАНХОЛИЈА СЕ :

  • чувство на осаменост и безпомошност
  • потиштеност
  • малаксалост
  • поспаност
  • избегнување друштво
  • недостаток на мотивација за физичка и ментална активност
  • губење апетит
  • тешкотии со концентрацијата
 Обично жените се тие кои се почувствителни на промената на годишните времиња.Дури и бојата на облеката може да влијае на подобрување на расположението, така што ќе облекувате парчиња облека со посветли бои.
Светлината е таа која прави да се чувствувате порасположени, а недостатокот од светлина прави да се чувствувате меланхолично. Затоа секој згоден момент искористете го за прошетка на свеж воздух, особено искористете ги сончевите денови. Тоа ќе ви помогне да ви се покачи серотонинот во мозокот, а вие ќе се чувствувате порасположени. Се препорачува да се внесува храна која ќе ја зголеми вашата енергија, на пр. храна богата со јаглени хидрати.


ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ !


 

No comments:

Post a Comment