КОИ НЕШТА СРЕЌНИТЕ ЛУЃЕ НИКОГАШ НЕ ГИ ПРАВАТ ?
Среќата е субјективно чувство, по кое сите ние постојано трагаме. Сите нас не прават среќни различни нешта. Не постои универзална формула за среќа, но сепак постојат нешта кои среќните луѓе никогаш не ги прават.
СЕ ПРАШУВАТЕ КОИ СЕ ТИЕ ?
- Не го трошат времето со луѓе кои шират негативна енергија
- Не потпаѓаат под туѓи влијанија, туку носат свои сопствени одлуки
- Не се навраќаат често на минатото, туку живеат денес
- Не се каат постојано за грешките од минатото, туку учат од нив
- Не си поставуваат нереални цели пред себе
- Не жалат за она што го немаат, туку го ценат она што го имаат
- Не им го прават на другите она што не сакаат, ним да им го прават
- Не се изолираат од околината, туку напротив постојано се активни и дружељубиви
- Не ја гледаат темната страна на животот, туку секогаш се трудат да гледаат позитивно на нештата
- Не се лишуваат од задоволствата кои што им ги нуди животот, напротив уживаат и го користат секој момент од животот како извор на задоволство и среќа
"СРЕЌАТА СЕ СОСТОИ ОД ЧЕСТИ ПОВТОРУВАЊА НА ЗАДОВОЛСТВАТА"
- ARTHUR SCHOPENHAUER -
No comments:
Post a Comment