Sunday, November 3, 2013

ДАЛИ ЖЕНАТА ИМА ПРАВО ДА ИЗБЕРЕ АБОРТУС ?




АРГУМЕНТИ ЗА И ПРОТИВ АБОРТУСОТ

Кога станува збор за абортусот, тогаш луѓето заземаат став, про-живот или про-избор.Разликата помеѓу овие ставови е во тоа, дали жената има право на избор да користи абортус. Постојат одредени варијации во ставовите во зависност од тоа колку размислувањата и ставовите се конзервативни или либерални, па да речеме кога ќе се случи силување или инцест, луѓето кои што имаат став про-живот ќе се согласат дека треба да се дозволи абортус.
Дебатата за абортусот никогаш не завршува и најверојатно секогаш ќе има аргументи за и против абортусот.

АРГУМЕНТИ ПРО-ЖИВОТ

  • Абортусот е рамен на убиство, затоа што фетусот е човечко суштество
  • Бременоста е резултат на жената која не се грижела за контрацепцијата и сега таа треба да ги сноси последиците од тоа, а не да прибегнува кон абортус и со тоа да уништи недолжен човечки живот.
  • Доколку лесно се добива право на абортус, жените тоа право би го злоупотребувале, со што ќе се намали и онака нискиот наталитет.
  • Со прекинување на бременоста би можело да се прекине туку што зачнатиот живот на можеби некој иден генијалец од кој што општеството би имало корист.
  • Со користењето на абортусот би можело да настанат несакани компликации кој што можат да го нарушат здравјето на жената.
  • Постојат и религиозни убедувања дека секој зачнат живот е плод и дар од Бога, па ние жените не би смееле таквата бременост да ја прекинуваме. 


АРГУМЕНТИ ПРО-ИЗБОР

  •  Да се роди живот од несакана бременост, може да доведе до тоа подоцна детето да нема соодветна грижа односно да биде занемарено.
  • Сите абортуси се прават во првите три месеци од бременоста, кога фетусот се уште не е формиран и не е способен да преживее надвор од матката на жената, па неможе да стане збор за еден вид на убиство.
  • Жената има право сама да одлучува за својот живот и за своето тело, и таа треба да има слобода во одлучувањето во сите ситуации.
  • Во случај на силување или инцест, жената би била принудена да го роди бебето и да се грижи за него, иако тоа за цело време ќе ја потсетува на ужасниот настан и со тоа ќе се влошува и онака тешката психолошка состојба на жената, а таквото дете нема да ја добие соодветната љубов и грижа од страна на својата мајка.
  • Неморално е да се бара жената да роди дете за кое што однапред е свесна дека нема никакви социо-економски услови да го одгледува, а потоа да го остави во дом за деца без родители заради посвојување од страна на семејства кои што не се во состојба да имаат деца. Жената не смее да биде репродуктивна машина.


Законодавецот во никој случај не би требало и не смее да го забрани абортусот како веќе регулирано и стекнато право. Веќе стекнатите права не може и не смее да се губат.Единственото нешто што може и треба да го направи законодавецот, е абортусот да го регулира со закон на начин што тој ќе остане легален, без неразумни ограничувања за да не се случуваат нелегални абортуси со несакани последици по здравјето на жената. На општеството му е потребно жената да има право на избор, тоа да го направи на легален начин грижејќи се за нејзиното репродуктивно здравје, затоа што само здрава и среќна жена може целосно да ги искористи своите потенцијали за себе реализација, а воедно и за градење на здраво општество.Среќни се оние деца кои што имаат и среќни родители, а сето тоа допринесува за целокупен напредок на општеството.
Ние треба да вложуваме во здрава нација за доброто на луѓето како индивидуи, но и за доброто на општеството.
Само луѓето кои се чувствуваат слободни во изборот, кои се чувствуваат способни и подготвени да пружат љубов, грижа и социо-економски услови за сопствените деца, можат да го дадат најдоброто од себе за свое добро, за доброто на своите деца и за доброто и напредокот на општеството.


ЗАТОА ЖЕНАТА МОРА ДА ИМА ПРАВО НА ИЗБОР !


"НИЕДНА ЖЕНА НЕМОЖЕ ДА КАЖЕ ЗА СЕБЕ ДЕКА Е СЛОБОДНА, А ПРИ ТОА ДА НЕ Е ВО СИТУАЦИЈА ДА ГО КОНТРОЛИРА СОПСТВЕНОТО ТЕЛО."

                                                                                         - MARGARET SANGER - 




No comments:

Post a Comment