МАЛИ СОВЕТИ ЗА ТОА КАКВО ТРЕБА ДА БИДЕ
ОСВЕТЛУВАЊЕТО ДОМА
Постојаното поскапување на електричната енергија бара од нас да штедиме, но не треба
да се штеди за сметка на нашето здравје. Така на пример, осветлувањето во домот
додека извршувате некои од домашните обврски, не смее да биде премногу слабо, затоа што
тоа ќе го оштети вашиот вид. Светилка со малку поголема јачина нема да потроши
многу повеќе струја, а ќе ви ги поштеди очите.

ЕВЕ НЕКОЛКУ МАЛИ ПРАКТИЧНИ СОВЕТИ
- за пеглање освен централното осветлување, добро е да имате поставено од левата страна на висина од 1,5 м. , уште една светилка со јачина од 100 w.
- за шиење е потребна појака светлина, најдобро е да шиете на светилка со јачина од 150 до 200 w.
- кога работите на биро, нешто пишувате или цртате, освен централното светло се препорачува и мобилна столна лампа која треба да стои од левата страна и ќе ја осветлува работната површина.
- за читање е потребна јака светлина, а ако читате во постела ќе послужи и лампа над возглавјето, со јачина од 60 или 75 w.
- не е добро да се гледа телевизија во мрак, се препорачува мала лампа со јачина на светилката од 40 w.
- во претсобјето на таванот доволна е светилка со јачина од 75 w, но од двете страни на огледалото треба да се постават мали светилки со јачина од 40 до 60 w.
- над работната површина во кујната треба да се постават две неонски цевки со јачина од по 40 w или светилка од 75 w.
ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !
ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ
No comments:
Post a Comment