Thursday, November 21, 2013

КАКО ДА ГИ НЕГУВАТЕ ВАШИТЕ ГРАДИ ?




НЕГА НА ГРАДИ

Убавите гради не се само дар од природата, туку и резултат на истрајна и правилна нега на овој дел од телото. Се разбира обликот на градите не можете да го измените, но со помош на вежби и редовна употреба на готови препарати за нега или со препаратите за кои подолу ќе добиете рацепти како да ги подготвите, можете кожата да ја направите мека и нежна, да го
зацврстите сврзното ткиво и да спречите прерано опуштање на вашите гради.
Секое утро негата треба да започне со туширање на градите со ладна вода. Ако на тоа не сте навикнати, од ден на ден намалувајте ја температурата на водата, и веќе за неколку дена нема да ви биде непријатно , да после вообичаеното туширање, млазот со ладна вода , по половина минута го усмерите на секоја дојка. Меѓутоа, млазот не треба да биде јак, а не треба ниту да го усмерувате накај брадавиците. Кожата на градите исушите ја, благо тапкајќи со мека фротирска крпа. Потоа со благи кружни движења нанесете млеко со риган кое ја освежува кожата. За вечерна нега, можете да изберете помеѓу млеко со риган, бадемово масло кое што кожата ја прави мазна или екстракт од коњско опавче кој градите ги обликува и кожата ја зајакнува, зависно од тоа што и е потребно на кожата на вашите гради.
Еднаш неделно кожата на градите и деколтето би требало да ја чистите со препарат од лаванда и белка, со кој ќе го отстраните слојот на изумрени келии на кожата  и малата нечистотија. Потоа кожата намачкајте ја со крем од павлака, затоа што така полесно ќе ги впие делотворните супстанци.

ВЕЖБИ

Дојките немаат мускули и всушност се состојат од млечни жлезди кои се наоѓаат во масното ткиво, но се држат на градните мускули. Овие мускули повторно се закачени не некој вид подлога која се состои од потпорно и сврзно ткиво.
Бидејќи цврстинатана градите зависи од
цврстината на овие мускули, потребно е со секојдневни вежби тие да се зајакнуваат.


ЕВЕ НЕКОЛКУ ПРИМЕРИ НА ЕДНОСТАВНИ ВЕЖБИ
  • подигнете ги рацете во висина на градите и дланките пред градите, 20 пати притиснете ги една со друга, или помеѓу дланките притискајте некој предмет во облик на валјак или помала топка.
  • тегови со тежина од 2 кг. истовремено и со едната и со другата рака дигајте ги до висината на градите. И оваа вежба секој ден треба да се прави , подигајќи ги теговите 20 пати.
  • наглото слабеење, особено со помош на диета која содржи помалку од 800 калории, го ослабува и потпорното сврзно ткиво на градите кои заради тоа го губат својот облик.Ако веќе држите диета, тогаш таа треба да биде многу урамнотежена, а истовремено треба редовно да правите гимнастика која ќе ги јакне градните мускули. Во секој случај, треба да јадете доста свежо овошје и зеленчук, производи од житарици и дневно да пиете по 2 л. течност ( чај, сокови, минерална вода ). 
  • покрај секојдневните вежби, ако сте во можност, еднаш неделно би требало и да пливате и тоа граден стил со кој најдобро се јакнат градните мускули.
  • Најпосле, правилото кое никогаш не смеете да го запоставите : само истрајноста ќе ги донесе посакуваните резултати. Исто така не губете трпение, првите резултати од негата ( вежбите и примената на препаратите за нега ) можете да ги очекувате дури после 4 седмици.
ПРЕПАРАТИ ЗА НЕГА 
  • млеко со риган за освежување
 Лажичка исецкан риган да се измеша во 1/4 л. млеко. Сипете во шишенце и пред употреба да се протресе. Да се употребува наутро и навечер.
  • бадемово масло за мазна кожа
Во 10 лажици бадемово масло, измешајте лажичка масло од матичњак. После туширање благо да се втрие во кожата.
  • екстракт од коњско опавче за обликување
Во шоља со зовриена вода ставете лажичка коњско опавче, поклопете и после 10 минути процедете. Во 4 лажици од овој чај да се измеша лажичка тинктура од невен и една жолчка. Навечер да се мачкаат градите.
  • лаванда за чистење
Лажица цвет од лаванда да се прелие со шоља зовриена вода  , да се покрие и после 10 минути да се процеди. Две лажици од овој чај  да се измеша во цврсто изматен снег од белки и да се распореди по кожата. После 5 минути да се измие со млака вода.
  • крем од павлака
Во 50 ml изматена павлака измешајте 2 лажици чај од слез. Навечер нанесете на кожата.

ПРАВИЛА КОИ ТРЕБА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ
  • Градник треба задолжително да се носи, и кога градите се мали или големи и ова правило треба да го почитуваат и многу младите девојки. При спортски или рекреативни активности, градникот е исто така задолжителен.
  • Мал градник или оној кој не одговара на обликот на градите, па ги притиска исто како и тесна поткошула , блуза, џемпер или фустан, не треба да се носат затоа што градите и заради такво притискање побрзо се отпуштаат.
  • При купување на градник строго водете сметка за тоа дека тоа навистина ја исполнува својата намена, не треба градите да ги држи на бретелите, туку да ги поддржува одоздола. Исто така многу е важно, обликот на градникот да одговара на обликот на градите.
ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ








No comments:

Post a Comment