Saturday, November 23, 2013

КАКО ДА ПОДГОТВИТЕ ШПАГЕТИ НА ИТАЛИЈАНСКИ НАЧИН ?





ВКУСНИ ШПАГЕТИ НА ИТАЛИЈАНСКИ НАЧИН


СОСТОЈКИ

2 лажици маслиново масло, главица кромид, помала главичка целер, 2 моркова, 100 гр. свежа неварена шунка, 300 гр. мешано телешко и свинско месо ситно сецкано, сол, бибер, 2 dl. црно вино, малку сос од домати, 1 шоља супа од коцка, 250-300 гр. шпагети, 40 гр. путер, 100 гр. пармезан.

ПОДГОТОВКА

Маслото се загрева и во него се додаваат кромидот, целер, ренданите моркови, сеченото месо и шунка, сол и бибер. Сето тоа се пропржува, се додава сос од домати и виното, супата и се вари на тивко 30 минути. Откако ќе ги сварите шпагетите во многу вода со сол, исцедете ги и прелијте ги со стопен путер. Филот се става одозгора врз шпагетите и се посипуваат со многу пармезан.




ДОБАР АПЕТИТ !





No comments:

Post a Comment