Monday, November 18, 2013

КАКО ДА НАПРАВИТЕ БИЛНА МАСКА ЗА ЛИЦЕ ?





КАКО ДА ГО ЗАШТИТИТЕ ЛИЦЕТО ВО СТУДЕНИТЕ 
ЗИМСКИ ДЕНОВИ ?

Маските во зима претставуваат вистински мелем за кожата на лицето, затоа што дополнително ја снабдуваат со влажност, ги ублажуваат брчките и ја освежуваат бојата на тенот. Еден третман со ампула добро ќе и годи на секоја кожа, бидејќи ја поттикнува  нејзината регенерација и обезбедува потребна влажност. Пилингот исто така на зима станува уште позначаен, особено ако кожата се лупи, затоа што со тоа ќе се забрза отстранувањето на изумрениот слој кој на кожата не и дозволува да ги впие хранливите состојки. Изборот на маската се разбира зависи од типот и потребата на кожата, а покрај готовите кои можат да се купат, еве и рецепти за домашни маски на база на билки, кои сами ќе ги направите, а состојките можете да ги купите во билните аптеки.



ПОДГОТОВКА НА БИЛНА МАСКА СПОРЕД ТИПОТ 
И ПОТРЕБАТА НА КОЖАТА

  • црвена кожа : лажичка масло од жалфија и лажичка маслиново масло добро да се измеша со еден изгмечен варен компир. Маската се нанесува на лицето и после 20 минути лицето да се измие со млака вода.
  • уморна кожа : лажичка лист од нане да се измеша во една чаша изматена павлака ( наместо лист може да се стави и масло од нане). Смесата распоредете ја по лицето и покријте го со тенок хартиен бришач. По 15 минути измијте го лицето со млака вода.
  • нечиста кожа : една рака исецкан магдонос да се измеша со 2-3 лажички павлака. Смесата да се распореди по лицето и да се покрие со марамица. По 20 минути да се измие.
  • сува кожа : 1 и 1/2 лажица бадемово масло да се измеша со еден ситно изрендан компир. Смесата распоредете ја по лицето и прекријте со марамица и после 20 минути измијте со млака вода.



ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ





 

No comments:

Post a Comment