Sunday, November 24, 2013

КАКО ДА ПОДГОТВИТЕ МЕДИТЕРАНСКА САЛАТА ?



ПОДГОТВЕТЕ ВКУСНА МЕДИТЕРАНСКА САЛАТА !

СОСТОЈКИ

200 гр. ориз, 250 гр. грашок, 250 гр. моркови, 100 гр. паризер, 1 мала главица кромид, 1 лажица вегета, сол, црн пипер, свеж магдонос, масло и вински оцет.


ПОДГОТОВКА

Оризот, грашокот и морковите се варат во посолена вода. Варениот зеленчук и оризот се исцедуваат, а морковите и паризерот се сецкаат на коцкички, па се заедно се меша. Ситно исецканиот кромид, магдоносот, црниот пипер и вегетата се ставаат во 1 dl. вода, се варат кратко и сето тоа врело се става на зеленчукот, а на крајот се додава оцет и добро се меша. Оладената салата се сервира во стаклени чаши и се служи како предјадење.

СОВЕТ : Салатата е погодна за секое годишно време, а по желба во истата салата може да се додадат парченца од варено или печено месо.



ДОБАР АПЕТИТ !




No comments:

Post a Comment