ПОДГОТВЕТЕ ВКУСНА ФРАНЦУСКА САЛАТА СО ЗЕЛЕНЧУК !
СОСТОЈКИ
Главица целер, 2 поголеми моркови, магдонос, пашканат, 3 компири, една тегличка мајонез,масло, оцет и сол.
ПОДГОТОВКА
Зеленчукот освен компирите се става во посолена вода да се вари. Откако ќе се свари зеленчукот се сецка на коцки. Компирите одделно се варат, но не смее да бидат преварени. Половина од морковите заедно со исечените компири се мешаат, се преливаат со масло и разреден оцет и се посолува. Се додава мајонезот и се меша. За декорација користете го остатокот од морковите и магдонос.
ДОБАР АПЕТИТ !
No comments:
Post a Comment