Sunday, November 17, 2013

КАКО ДА ПОДГОТВИТЕ БАКНЕЖИ СО БАДЕМ ?




БАКНЕЖИ СО БАДЕМ



СОСТОЈКИ

ТЕСТО : 200 гр. путер или маргарин, 120 гр. шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, 150 гр. брашно, 150 гр. густин и 100 гр. излупени и мелени бадеми. ФИЛ :  100 гр. шеќер во прав, 20 гр. какао, 1-2 лажици врела вода и 50 гр. растопен путер.



ПОДГОТОВКА

Путерот мешајте го додека не се запени, постепено додавајќи шеќер и ванилин шеќер.Густинот и брашното измешајте ги и додајте ги на смесата. На крајот ставете ги бадемите. Тестото ставете го во вреќичка за обликување и истискувајте различни форми на подмачкан и со брашно посипан плех.
Шеќерот, какаото и водата мешајте ги додека смесата не се соедини. Додајте го растопениот путер додека е уште топол, па се добро измешајте. Колачите прелијте ги со подготвениот фил.
Се пече на температура од 180-200 степени , 10 минути.





ДОБАР АПЕТИТ





No comments:

Post a Comment