Tuesday, November 5, 2013

КАКО ДА СЕ СПРАВИТЕ СО ПОСЕСИВНАТА МАЈКА?



МАМИН СИН

ШТО ДА ПРЕЗЕМЕТЕ ЗА ДА СЕ СПРАВИТЕ СО ПОСЕСИВНАТА МАЈКА ?

 "Mамин син" е оној кој е под огромно влијание на својата посесивна и љубоморна мајка, која не успеала себе си да се реализира како личност, па сите нејзини животни промашувања, односно неуспеси несвесно бара да ги реализира контролирајќи го секој и најмал чекор на својот син. Таа смета и постојано тоа му го нагласува на својот син дека е единствената која што може да го сака и да му биде најдобар пријател.
Секоја вистинска љубов, па и мајчинската настојува саканата личност пред се да ја направи среќна, но во ваков случај тоа не е така.

 ШТО ДА ПРЕЗЕМЕТЕ ВО ВАКОВ СЛУЧАЈ ?

На оној кој на секој можен начин ни го прави животот несреќен, кој психички не оптеретува и затоа се чувствуваме несреќни, ништо не му должиме, особено не грижливост и чувство на обврска. Меѓутоа спрема себе си имаме таква обврска и што е можно поскоро да се тргнеме од таквата личност. Тоа ни го налага природната потреба да се реализираме себе си во животот како потполни личности и да ги искористиме сите наши можности да живееме среќно. Сето ова ќе го оствариме само ако сме самостојни, психички независни личности, кога сме подготвени сами да одлучуваме за својот живот и сами да ги сносиме одговорностите кој што тој ни ги носи.  
Да се жртвуваме себе си за да ги оствариме желбите на посесивната и љубоморна мајка, не само што нема никакво оправдување туку е и потполно безсмислено. 
Таквата мајка после жртвувањата нема да биде ниту поздрава ниту посмирена жена, дури и ако нејзиниот син се откаже односно го отфрли неговиот љубовен живот или пак го разведе својот брак. Напротив и понатаму ќе ја мачи љубомора, затоа што на светот ќе постојат многу други жени кои ќе сакаат да и го "земат" синот. Неа и понатаму ќе ја мачат главоболки и несоници. 
Жртвувањето на нејзиниот син нема да го омекне нејзиното одамна скаменето срце. Синот не може да очекува дека мајка му ќе му биде до гроба благодарна за неговото жртвување, напротив со нејзиното стареење таа се повеќе ќе го мачи со својата безобзирност и себичност. Колку што е постара кај неа ќе се јави желба за внуци, за да добие нови жртви за своите посесивни страсти.
Кога мажот ќе ги препознае кај себе знаците дека е мамин син, ќе му биде потребно многу сила и напор да ја раскине оваа врска и да започне да живее еден нормален живот.
Се додека синот останува под ист кров со својата посесивна мајка дотогаш нема да може ништо да промени.

ВО ВАКВА СИТУАЦИЈА ПОТРЕБНО Е :

  • неопходно е да се пресели, ако неможе на друг начин барем во потстанарска собичка, само да биде што подалеку од неа
  • да ги ограничи своите гледања со својата мајка
  • не треба никогаш да оди во посета на мајка си сам, туку секогаш тоа да биде во придружба на својата девојка или сопруга
  • ако е оженет тогаш не смее да дозволи никакви мешања и забелешки, колку и да се тие добронамерни
  • треба да избегнува да бара помош од мајка си дури и кога му е потребна
  • не смее да наседнува на нејзините жалби за тоа како тој е неблагодарен син. На таквите жалби едноставно нема да реагира и нема да се впушта во расправии
  • нема да ја убедува во ништо, затоа што таа е и глува и слепа за се што не е во согласност со нејзиниот став за животот
Таквото емотивно оддалечување од мајка си не е воопшто лесно, но е возможно, под услов да синот биде упорен, доследен и сигурен во исправноста на она што го прави. Таа сила и упорност ќе ја има само ако ги осознае точните причини за таквото мајчино однесување.
На крајот важно е да се напомене дека таквата мајка не е подготвена да го промени својот став и однос кон синот. Затоа тој неможе да биде сигурен дека еден ден неговиот однос со мајка си ќе се нормализира, односно ќе се претвори во вистински природен однос на мајка и возрасен син. Сите истражувања покажуваат дека тоа многу ретко се случува.




Овој текст е резултат на лично искуство и консултации со психијатри и психолози, но доколку ви е потребен конкретен стручен совет обратете се кај стручни лица за да ви пружат соодветна помош !








No comments:

Post a Comment