КАКО ДА ГИ ПРЕПОЗНАЕТЕ ЗНАЦИТЕ ДЕКА ВАШЕТО ДЕТЕ КОНЗУМИРА АЛКОХОЛ?
Алкохолот е порок со кој се поголем број од младите се соочуваат. Се повеќе се намалува возрасната граница кога за прв пат се вкусува алкохол. Со овој порок се соочуваат поголем број од младите машки лица, но во последно време се зголемува и бројот кај младата женска популација . Постојат повеќе причини, зошто младите посегнуваат по алкохол.
КОИ СЕ ПРИЧИНИТЕ ЗОШТО МЛАДИТЕ ПОСЕГНУВААТ ПО АЛКОХОЛ ?
- живеат во семејство каде едниот од родителите е зависник од алкохол, па веројатноста и децата да станат зависници е голема
- живеат во семејство каде иако нема зависници од алкохол, постојат брачни проблеми кај родителите проследени со постојани конфликтни ситуации, па детето има конфузни емоционални чувства кои што не е во состојба самото да ги реши, па посегнува по алкохол
- Во домот постојано се чуваат одредени количини алкохол, па тој станува лесно достапен
- алкохолот оди рака под рака со чувството на депресија кај младите, анксиозност и други нарушувања на менталното здравје кај младите.
- влијанието односно притисоците од друштвото. Доколку во кругот на друштвото некои од другарите конзумираат алкохол, тогаш и притисокот од нив се зголемува.
- многу често се посегнува по алкохол во младите години и од љубопитност, но и од желба младите да покажат дека веќе не се деца.
КОИ СЕ ЗНАЦИТЕ ДЕКА ВАШЕТО ДЕТЕ ТИНЕЈЏЕР КОНЗУМИРА АЛКОХОЛ
- зацрвенети очи
- јак мирис на здивот на алкохол
- депресивно однесување
- конфликтно однесување
- агресивно однесување спрема други деца
- намалена активност и нагласена незаинтересираност за се што се случува во нивна околина
- губење интерес за другарување, односно дружење само со друштво каде се користи алкохол
- незадоволителен успех на училиште
- запуштеност во изгледот
- деликвентно па дури и насилничко однесување
ШТО ДА ПРЕЗЕМЕТЕ ВО СИТУАЦИЈА КОГА ЌЕ ПРЕПОЗНАЕТЕ НЕКОИ ОД ЗНАЦИТЕ КОИ УКАЖУВААТ НА ТОА ДЕКА ВАШИОТ ТИНЕЈЏЕР КОРИСТИ АЛКОХОЛ ?
- Она што треба најпрво да направите е отворено да разговарате за проблемот
- Да се потрудите да ги откриете изворите на ваквото однесување на детето.
- Да му искажете подршка во справувањето со оваа состојба.
- Да му покажете полно разбирање за тоа како детето западнало во ваква состојба, за да тоа се почувствува заштитено, а не отфрлено.
- да му покажете дека може со вас да разговара отворено и без предрасуди, држење лекции и закани
- распрашајте се и запознајте ги другарите
- доколку слушнете нешто што ќе ве вознемири, колку што можете останете присебни и одговорете со смирувачки тон
- доколку сето ова не даде задоволителни подобрувања во тој случај консултирајте се со психолози и социјални работници за да вашето дете добие соодветна помош.
ПОСЛЕДИЦИ ПО ЗДРАВЈЕТО ОД КОНЗУМИРАЊЕ АЛКОХОЛ ?
- некои истражувачи сметаат дека алкохолот може да го оштети младиот мозок кој сеуште е во развој, може да предизвика трајни оштетувања на функциите како што е меморијата, координацијата и моторичките способности.
- кај девојчињата може да го одложи пубертетот и да предизвика пореметувања
- младите кои користат алкохол се со поголема веројатност да станат зависници и од наркотични средства
Затоа за алкохолот треба отворено да се разговара со младите уште тие кога се наоѓаат во пред тинејџерските години, а не тоа да претставува забранета тема за разговор.Младите да бидат навреме информирани за штетните последици од користењето алкохол, па кога ќе дојдат во ситуација на искушение да пробаат алкохол да знаат што ги очекув, а не да бидат збунети и да се водат од чувството на љубопитност.
No comments:
Post a Comment