Saturday, November 2, 2013

КАКО ХРАНАТА МОЖЕ ДА БИДЕ ЛЕК ЗА ЕСЕНСКАТА МЕЛАНХОЛИЈА ?



ХРАНАТА - ЛЕК ЗА ЕСЕНСКАТА МЕЛАНХОЛИЈА


МОЖАТ ДА ПОМОГНАТ: намирници богати со фолна киселина, на пример спанаќ, храна со полно селен, на пример морска храна, јаглени хидрати ( вклучувајќи и шеќер ), кофеин, лук



Науката повеќе не се сомнева во тоа дека она што го јадете влијае на вашето расположение. Иако изгледа дека храната е избор заснован на вкус и други свесни критериуми, податоците говорат дека во исхраната луѓето често прават несвесен избор, бирајќи намирници кои ја менуваат хемијата во нивниот мозок и им го поправаат расположението. Без да знаат сами себе си бираат лек, храна која содржи антидепресиви. Депресијата е поврзана со нивото на серотонин во мозокот , но исто така и со насилничкото однесување. За серотонинот се знае дека обично го подобрува расположението, и тоа драматично, кај луѓето склони на депресија. Кога мозокот добива повеќе серотонин, или се стимулира неговото делување, депресијата понекогаш поминува.
Со доаѓањето на тмурните есенски и зимски денови многу луѓе ги зафаќа чувство на меланхолија или запаѓаат во депресија позната како сезонско пореметување на расположението. Постои теорија дека недоволната светлина ја менува хемијата во мозокот кај оние луѓе кај кои постои биолошка чувствителност. Тие луѓе обично јадат многу слатки. Јаглените хидрати се неопходен лек за мозокот , а луѓето кои што обично јадат многу слатки сами себе си одредуваат лек за борба против есенската меланхолија. Кај оние со сезонско пореметување на расположението, јаглените хидрати имаат улога на антидепресиви.Јаглените хидрати на овие луѓе им даваат енергија и им создаваат подобро расположение, вели др. Розентал. 
Без оглед на причината, ако патите од есенска меланхолија, немојте својот мозок да го лишувате од лекот во облик на јаглени хидрати. Ако ги избегнувате јаглените хидрати само ќе запаѓате во подлабока, сериозна криза, затоа што организмот бара да му обезбедите слатки и скробна храна . Др. Розентал ги советува луѓето кои патат, на пр. од оваа вид на депресија, да не применуваат диета богата со белковини, а сиромашна со јаглени хидрати, најмалку не во есенските и сувите зимски месеци.
За да си го олесните себе си сезонското пореметување на расположението, можете да јадете слатки, но поздраво е да внесувате сложени јаглени хидрати, како што се : грав, тестенини, зеленчук, цереалии, леб. Др. Розентал препорачува дека треба да се чуваме од прекумерно внесување алкохол или кофеин ( на пр. повеќе од две шољи кафе на ден ). Премногу и од едното и од другото може да ја зголеми вознемиреноста и да го влоши расположението.




No comments:

Post a Comment