НЕГА ЗА БУЈНА И СЈАЈНА КОСА
За комплетниот изглед на жената косата има пресудно значење. Жената која ќе ја пронајде својата "глава" , и секогаш е со убава и уредна коса, се чувствува слободна и сигурна во себе.Косата која што правилно се мие и негува со текот на времето станува се поубава и посјајна, без оглед на тоа како е потстрижена и исчешлана.
ЕВЕ НЕКОЛКУ МАЛИ СОВЕТИ КАКО ДА ЈА НЕГУВАТЕ ВАШАТА КОСА
- косата треба да се мие еднаш седмично, но ако е потребно и почесто. Не е точно дека косата се оштетува со често миење, доколку тоа се прави на правилен начин.
- треба да се употребува шампон со неутрален ph фактор, а во изборот на шампон доверба подарете на веќе познатите и признати производители.
- покрај шампонот, треба да се користи и кондиционатор, кој на косата и дава сјај, мекост и ја прави мазна.
- водата треба да биде онолку топла колку што можете да поднесете, и секогаш со иста температура во сите фази на миењето, бидејќи на косата не и одговара промена на температурата.
- наместо под туш, косата за време на миењето треба да се полева пополека, најдобро водата да ја сипувате од бокал или некој друг сад, бидејќи тоа на косата највеќе и годи
- во текот на миењето косата не смее да се замрсува, а тоа значи дека ни косата ни кожата на главата не треба да се трља. Имено, кога се нанесува шампон доволно е со прстите косата да се мазне или уште подобро да се чешла, затоа што така шампонот и нечистотијата се провлекуваат од коренот до крајот на влакната, од каде на крајот се исфрлаат, а кожата на главата се чисти и со самото миење на косата.
- косата треба редовно да се расчешлува и правилно да се суши и фенира
- бидејќи водата содржи доста хлор и бигор, пожелно би било да се омекне со извривање и косата да се измие со онолку вода колку што навистина и е потребно.
- покрај сета претходно наведена нега, еднаш седмично користете пакување, односно соодветна маска за коса во вид на готов препарат или ( мајонез, маслиново или бадемово масло) или посетете го вашиот фризер.
- за јакнење на коренот на косата употребете листови од орев. Листовите се варат во неколку литри вода и со истата се измива на крајот од миењето.
- за измивање на светла коса се препорачува камилица, која покрај тоа што дејствува тонизирачки и дава на косата сјај, а доколку се свари како појак концентрат може и да ја осветли бојата на косата.
- лажичка-две вински оцет или сок од лимун, ако се стават во последната вода со која се измива косата, имаат исто дејство како и било кој индустриски регенератор.
БУЈНА И СЈАЈНА КОСА
За побујна и посјајна коса се мешаат 250 гр. кисела павлака, една жолчка, 20 гр. вотка или џин и сок од еден лимун. Смесата се нанесува на косата, околу 2 цм. од коренот и се остава да делува 5 - 15 минути. На крајот се мие со топла вода.
ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !
ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ
No comments:
Post a Comment