ПОДГОТВЕТЕ ВКУСНА МЕДЕНА ОВОШНА САЛАТА
СОСТОЈКИ
50 ml мед, 100 гр. ореви сечкани, 1 портокал исечкан на покрупни парчиња, 1 банана исечкана на тркалца, 1 јаболко исечкано на покрупни парчиња, 1 киви исечкано на покрупни парчиња и изматен шлаг. Овие состојки се доволни за две чаши овошна салата.
ПОДГОТОВКА
Во медот ги додаваме оревите и убаво мешаме за да се изедначи смесата. Потоа почнуваме во чаша за овошна салата да го редиме овошјето. Ставаме од јаболката, па додаваме малку од оревите со мед. Потоа ставаме малку од кивито, па повторно ставаме од оревите и медот. Додаваме од бананите и од оревите со медот. На крајот ги додаваме парчињата од портокал. Малку притискаме со лажицата. На крајот во чашата додаваме по малку сок од портокал.
Во готварски шприц ставаме изматен шлаг и декорираме, а шлагот го поросуваме со малку чоколадни трошки. За декорација ставаме по една чоколадна ролничка и украсно чадорче.
ДОБАР АПЕТИТ !