Monday, December 30, 2013

КАКО ДА ЈА ЗАЦВРСТИТЕ ВАШАТА ЉУБОВ ?



КАКО ДА ЈА ОТКРИЕТЕ СУШТИНАТА НА ЉУБОВТА, ДА ЈА ЗАЦВРСТИТЕ ВАШАТА ЉУБОВНА И БРАЧНА ВРСКА

Од сите емоции кои ги има човекот љубовта е најчудесна и најблескава. Таа е како сонцето : животот неможе да постои без неа. Но, како што сите знаеме, дури и на сонцето постојат пеги. Љубовта може да ни подари најголема среќа, но исто така, таа може човекот да го втурне во најдлабока несреќа. И како што рекол Шекспир " ЉУБОВТА Е МНОГУ ПОУБАВА ОД СОНОТ, А Е МНОГУ ПОЛОША ОД КОШМАРОТ " , таа е комплексно и контрадикторно чувство, амалгам на два пола со спротивен набој. Од една страна-несебичност, верност, длабока приврзаност, уживање во животот како пар; од друга страна-неверство, егоизам, разочарување, невозвратени чувства. Тие контрадикции започнуваат со " двојна оптика " на љубовта. Заљубената личност го гледа објектот на својата страст низ розово обоени очила, забележувајќи ги само нејзините добри страни, додека маните едвај да бидат запазени. Затоа често е нејасно, всушност кого сакаме ние- реална личност или некој што сме го насликале со помош на нашата имагинација. Во исто време, љубовта поседува и една предвидливост која ја нема ниедно друго чувство. Оној кој љуби, во саканата личност ја открива длабочината на душата и возвишеноста на карактерот. Да сакаш, значи да сфатиш ; да бидеш сакан, значи да бидеш сфатен. Без сомнение, тоа е причината што љубовниците толку често се обземени, особено младите девојки : како е тој, предвидлив, како ги предвидува и моите најмагливи желби, како интуитивно го сфаќа она што јас се обидувам да му го кажам! Тоа е, може да се каже, видовитост на љубовта-поимање на туѓите мисли и чувства или т.н. емпатија.


БРАЧНА ЉУБОВ

Постои широко распространето гледиште дека брачната љубов не само што е ретка, туку е и привремена, затоа што мажот и жената брзо се навикнуваат еден на друг, привлечноста исчезнува и повеќе не си се интересни. Познатиот руски писател од 19 век Александар Херин напишал : " заедничкиот живот под ист покрив, самиот по себе е една ужасна работа, тој ги уништува половина од сите бракови. Живеејќи во непосредна близина, луѓето стануваат премногу опуштени, зачмаени, и незабележано, ливче по ливче, се икорнува од цветниот венец кој ја опкружува саканата личност со поезија и сјај ".
Брачната љубов има многу нескриени и скриени непријатели. Еден од најподмолните е кога чувствата се преобразуваат во навика. На пример, убавиот изглед на едниот или другиот партнер, кој се до неодамна го восхитувал мажот, односно жената, не се забележува повеќе како нешто " вонсериско ", туку се претвора во стандардна работа.
Сепак, до дегенерирање на чувствата доаѓа таму каде, две индивидуи стапиле во брак, а всушност не биле вистински заљубени еден во друг. Доколку постоеле вистински длабоки чувства, тие нема со текот на годините да се претворат во досадна навика, туку незабележано, ќе се трансформираат во нежност и доверба. А тоа е продолжение на онаа иста првобитна љубов, можеби посмирена и помалку бурна, но ништо помалку трајна и длабока. Ете зошто во љубовта, особено во брачната љубов, толку е важно партнерите да бидат меѓусебно привлечни, едниот на другиот секогаш да запазат по нешто ново и интересно. Идејата е дека цврстината на бракот зависи од две личности кои меѓусебно се совпаѓаат. Отсуството на единство на душите е главна причина за многу брачни конфликти.


" КОГА НЕКОЈ ТЕ САКА ТОА ТИ ДАВА СИЛА, ДОДЕКА ДА САКАШ НЕКОЈ ТОА ТИ ДАВА ХРАБРОСТ " !

                                                                                                             - LEO TZU -

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ


Sunday, December 29, 2013

КАКО ДА ЈА КОМБИНИРАТЕ ШМИНКАТА ?



МАЛИ СОВЕТИ ЗА КОМБИНИРАЊЕ НА ШМИНКАТА

Со правилно комбинирање на шминката можете да постигнете чудесни резултати. Шминката треба да разубави, доколку добро се комбинираат боите ќе успеете во тоа. Затоа еве неколку мали совети за тоа : 


  • Шминка во смеѓи тонови : Очните капаци треба да се обоени во светло смеѓа боја и тоа така да со работ на окото доаѓа што потемна, а на крајот најсветлата нијанса. Руменилото треба едвај да е видливо и тоа исто така во смеѓкаст тон. На усните нанесете кармин во што поприродна боја. Не заборавајте смеѓите тонови не се само за смеѓокосите. И русокосите можат да изгледаат убаво, сините очи, нашминкани со смеѓи тонови ќе изгледаат уште посветли отколку што се.
  • Златно-смеѓи тонови : За овие тонови можат да се определат и русокосите и црнките, бидејќи многу се природни и одговараат на секоја боја на шареницата на окото. Сенката за очните капаци е светло-жолта со работ на окото, окер и црвенкаста под веѓите. Руменилото за образи едвеј е видливо и задолжително има златести примеси. Карминот за усни треба да биде бледо портокалов, а маскарата може да биде смеѓа или темно смеѓа.
  • Смарагдно-зелени тонови : Овие раскошни тонови создаваат вистински оквир за очите. Сенката за капаците е во три нијанси кои исто така одат од најбледа до најјака. Руменилото за образи треба да биде едвај забележително. Карминот во благи смеѓи тонови и без сјај. Посебен акцент на овој колорит се маскарите во смарагдно-зелени бои кои очите ги истакнуваат во прв план.
  • Беж тонови : Ова е боја на есента. Ненападна е, па е погодна за дневна шминка. Толку е нежна и едвај забележителна и се вклопува со природната боја на тенот и остава впечаток дека не сте нашминкани, а повторно на вашиот изглед му дава посебен сјај. Сенката за очните капаци е во боја на песок, како и руменилото за образи. Со овие тонови одлично прилега кармин за усни, смеѓкасто-црвена боја. Маскарата за трепки треба да е во јака смеѓа боја.
  • Сиви тонови : Оваа боја е најидеална за шминкање на очите. За да малку и дадете живост, можете да ја комбинирате со виолетова. Маскарата е исто така смеѓа, а карминот за усни светлорумен. Овие тонови прилегаат скоро на секое лице. 
  • И на крајот, не заборавајте руменилото за образи нанесувајте го во мали количини, односно во едвај забележителни тонови.
ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ


Saturday, December 28, 2013

КАКО ДА ЈА ПОВРАТИТЕ СВЕЖИНАТА НА ВАШЕТО ЛИЦЕ ?



МАСКИТЕ ОД БЕЛКА И ЛИМОН ЌЕ ЈА ПОВРАТАТ СВЕЖИНАТА НА КЛЕТКИТЕ
 
Пред да почнете со шминкањето, погледнете се добро во огледалото. Во случај лицето да ви е преполно со црни точкички ( митесери ), акни или мозолчиња, шминката нема да ви помогне. Напротив ! Со неумешна употреба на пудрата и на слични средства за шминкање, ќе предизвикате наполно спротивен ефект-нечистотија на кожата, која само уште повеќе ќе дојде до израз. Значи лицето треба прво добро да се исчисти. Најважна работа која треба да ја знаете и неизоставно да се придржувате : сапунот и водата не треба да ги исфрлите од употреба, дури иако редовно користите млеко и лосион. Значи, мијте се со благ ( беби сапун ) два пати дневно. Ако, пак, имате многу проблеми со кожата, најдобро е да одите на козметичар кој ќе ви направи вистински третман и по потреба ќе ви даде совети за натамошна нега. Инаку, чистењето на лицето можете да го вршите и сами, користејќи природни препарати од кујната.

 
Сварете јак чај од боливач, ставете ја главата над лонецот, покријте се со крпа и парете го лицето додека можете да издржите. Потоа со помош на шамивчиња од хартија ( а не со нечисти раце или уште полошо со нокти ), со благо притиснување истиснете ги митесерите, но само оние кои лесно излегуваат ( мозолчињата не пипкајте ги ). Лицето смирете го со специјален лосион за млада проблематична кожа. Потоа, на ред доаѓа маската. 

МАСКА ОД СВЕЖО ЈАЈЦЕ И ЛИМОН

Влезете во кујната и грижливо протресете го фрижидерот и земете свежо јајце. Одвојте ја жолчката, па половина белка изматете со 20-тина капки лимон и ставете ја на лицето добро да се стегне. Ако кожата и по симнувањето на маската со млака вода и натаму е вознемирена, продолжете со дополнителна маска.

ДОПОЛНИТЕЛНА МАСКА

Таа се прави од лажичка мед и лимон, а ако немате мед при рака, за истата цел можат да послужат и облоги од студен чај од боливач. На крајот нанесете хидратантен крем.

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ




Thursday, December 26, 2013

КАКО ДА ГО ОТСТРАНИТЕ МИРИСОТ ОД КРОМИД НА ВАШИТЕ РАЦЕ ?



МАЛ СОВЕТ КАКО ДА ГО ОТСТРАНИТЕ МИРИСОТ ОД КРОМИД НА ВАШИТЕ РАЦЕ


За да го отстраните мирисот од кромид на вашите раце доволно е да ги истриете со малку сол или пак протријте ги со талог од кафе.

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ



КАКО ДА ПОДГОТВИТЕ ПАСТРМКА НА ОХРИДСКИ НАЧИН ?



ПОДГОТВЕТЕ ПАСТРМКА НА ОХРИДСКИ НАЧИН

ПОТРЕБНО

4 пастрмки, 3 главици кромид, 2 свежи домати, 1 главица лук, 2 дл. бело вино, 1 китка магдонос, сол, бибер, зејтин.


ПОДГОТОВКА

Рибата се чисти, се мие и се суши со крпа, па се посолува, се става бибер и се пржи на масло од двете страни.Пржените пастрмки се полнат со фил.

ФИЛ

Ситно сецкан кромид, лук, излупените домати и ситно сецкан магдонос, се мешаат и се посолуваат.

Полнетите пастрмки се ставаат во огноотпорен сад, се прелеваат со бело вино и се запечуваат во рерна  15 минути на температура од 180 степени.


ДОБАР АПЕТИТ !

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ





Wednesday, December 25, 2013

КАКО ДА ИСЦЕДИТЕ ШТО ПОВЕЌЕ СОК ОД ЕДЕН ЛИМОН ?


 
 МАЛ СОВЕТ КАКО ДА ИСЦЕДИТЕ ШТО ПОВЕЌЕ СОК ОД ЕДЕН ЛИМОН



За да се исцеди што повеќе сок од лимонот и да се освежи пред да го цедите ставете го десетина секунди во топла вода, а потоа силно се трие на масата. Кога ќе го цедите ќе се уверите дека ќе добиете два пати повеќе сок.

 
ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ
 
 
 


КАКО ДА ОТКРИЕТЕ ДАЛИ КВАСЕЦОТ Е ДОБАР ЗА МЕСЕЊЕ ?



МАЛ СОВЕТ КАКО ДА ОТКРИЕТЕ ДАЛИ КВАСЕЦОТ Е ПРЕСЕН И ДОБАР 
ЗА МЕСЕЊЕ ?



Ако сакате да се уверите дали квасецот е пресен и добар за месење, откинете едно парче и ставете го во сад со врела вода. Ако парчето исплива на површината тоа значи дека квасецот е добар и свеж.


ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ





КАКО ДА ЈА ОСВЕЖИТЕ ОВЕНАТАТА МАРУЛА ?



МАЛ СОВЕТ КАКО ДА ЈА ОСВЕЖИТЕ ОВЕНАТАТА МАРУЛА


Ако зелената салата е овената може да се спаси, ако се натопи во млака вода во која има додадено сок од лимун.

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ



КАКО ДА ИЗМАТИТЕ ЦВРСТ СНЕГ ОД БЕЛКИ ?



МАЛ СОВЕТ КАКО ДА ИЗМАТИТЕ ЦВРСТ СНЕГ ОД БЕЛКИ



Ако не ви оди од рака да изматите цврст снег од белки, што не ретко се случува, особено ако јајцата не се сосема свежи, садот ставете го над друг сад во кој што на тивко врие вода и продолжете да матите. По кратко време белките ќе бидат беспрекорно изматени. Пред матењето не заборавајте да ставите сосем малку сол, за да добиете цврст снег од белки.


ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ





КАКО ДА ГИ ОТСТРАНИТЕ ДАМКИТЕ ОД КАФЕ И ЧОКОЛАДА ?



МАЛИ СОВЕТИ КАКО ДА ГИ ОТСТРАНИТЕ ДАМКИТЕ ОД КАФЕ И ЧОКОЛАДА



Дамките од кафе и чоколада на ткаенина се чистат со ладна вода во која има додадено малку сол. Доколку кафето и чоколадата ја чистите со топла вода тие уште повеќе ќе се впијат во ткаенината и чистењето ќе биде далеку потешко.

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ


Monday, December 23, 2013

КАКО СЕ СЕЧКА КРОМИД БЕЗ СОЛЗИ ?

 
 
КАКО ДА ИСЕЧКАТЕ КРОМИД БЕЗ СОЛЗИ ?


Доколку треба да исечкате поголемо количество кромид, а сепак да се заштитите од печење и солзење на очите, еве еден практичен совет : излупените главици кромид за момент спуштете ги во врела вода, а потоа веднаш во ладна вода, па дури потоа сечкајте го кромидот. Работата ќе се заврши и брзо и без солзи.

 
ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ
 
 
 


КАКО ДА ГИ ЧУВАТЕ ОРЕВИТЕ ?



МАЛИ СОВЕТИ КАКО ДА ГИ ЧУВАТЕ ОРЕВИТЕ !



Ако сте купиле поголемо количество ореви, а сакате да ги употребите подоцна најдобро ќе ги сочувате во замрзнувач. Исчистените ореви се ставаат во кесички, се затвораат и се замрзнуваат во фрижидер. По потреба се вади извесно количество, и откако ќе се одмрзнат дури тогаш се сечкаат или се мелат. На овој начин оревите не губат ниту од вкусот ниту пак ја губат бојата.


ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ





КАКО ДА ПОДГОТВИТЕ ЗАПЕЧЕНО БЕЛО МИСИРКИНО МЕСО ?



ПОДГОТВЕТЕ ВКУСНО ЗАПЕЧЕНО БЕЛО МИСИРКИНО МЕСО, СО 
МИРИЗЛИВИ БИЛКИ !

СОСТОЈКИ

400-500 гр. мисиркино бело месо, 1,5 лажица брашно, сол, црн пипер, путер или маргарин, масло, 2 дл. кисела павлака и повеќе сечкани миризливи билки ( магдонос, целер, мајчина душица, нане и др. според вкусот ).


ПОДГОТОВКА

Белото месо од мисирка се сече на потенки шницли. Се посолуваат, се набрашнуваат и се пржат во врело масло ( половина путер, половина масло ). Прженото месо се чува на топло место, а во маснотијата се додава остатокот од брашното измешано во павлаката и се вари сос. Тој постојано се меша  за да се одлепи талогот од месото што се пржеше. Во ова се додаваат исечкани миризливи билки и се остава да прокрчка. Прженото месо се реди во огноотпорен сад, се прелива со сосот, се додава црн пипер и се запечува во рерна.


ДОБАР АПЕТИТ !

НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ



КАКО ДА СИ ПОСВЕТИТЕ ВНИМАНИЕ СЕБЕ СИ ?



МАЛИ СОВЕТИ КАКО ЕДЕН ДЕН СЕДМИЧНО ДА СИ ПОСВЕТИТЕ СЕБЕ СИ ЗА 
НЕГА ОДМОР И РЕКРЕАЦИЈА?


9.30 ч.

Откако лицето сте го измиле со вода, пребришете го само со тоник ( под претпоставка дека претходната вечер сте го исчистиле со млеко ), намачкајте го со хидратантна крема и, се разбира измијте ги забите, напијте се чаша сок од портокал или грејпфрут, облечете се топло и тргнете на прошетка. Барем половина час поминете надвор, по можност на прошетка со брзо темпо и барем денес, ако пушите заборавете на цигарите. Можете да застанете единствено само, ако сакате да купите весник.

10.00 ч.
  
Појадокот е најважен оброк во текот на денот. Значи, не само што не смеете да го прескокнете, туку наутро морате да одвоите доволно време да во мир појадувате, дури и обилно, бидејќи од тоа нема да се поправите, а на својот организам ќе му ја дадете потребната енергија која вам ви е потребна за текот на целиот ден. Затоа почастете се со богат појадок со кој ќе го замените и ручекот : чај или кафе со млеко, уште една чаша сок, јогурт со корнфлекс, две кришки препечен леб со путер и мед, меко варено јајце и ( или ) парче сирење. Обидете се да јадете полека, добро џвакајте и со тоа читајте нешто. За тоа време пуштете вода во кадата да се полни и додадете пена. 


10.30 ч. 

Во бањата исполнета со миризлива пареа, прво посветете се на лицето :  исчистете го со млеко и тоник, нанесете пилинг, потоа измијте го, повторно пребришете го со млеко и тоник. Веднаш измијте ја и косата со благ шампон, ставете пакување ( ако е потребно ), или барем ставете балсам, или измијте ја со вода во која сте додале оцет или сок од лимун ( ако имате светла 
коса ). Завиткајте ја косата со мек пешкир, на лицето нанесете маска во согласност со типот и потребата на вашата кожа. Ако е време отстранете ги и влакненцата од нозете и пазувите. Откако телото добро ќе го истриете со четка или луфа ракавица, спуштете се во када, опуштете се и останете така 10 минути во водата. Потоа брзо истријте го цело тело, исплакнете се со топла па со ладна вода, и отстранете ја маската од лицето, па и лицето и вратот намачкајте ги со хидратантна крема. Телото само истапкајте го со мека крпа и уште влажно намачкајте го со млеко или крема за нега на тело. Искористете го ова да истовремено го измасирате цело тело, а особено " загрозените " делови - бутините, колковите, стомакот. Тргнете го пешкирот од косата, внимателно расчешлајте ја и оставете да се суши на воздух.

12.00 ч.


Облечени во мека наметка или пижама, преминете сега на средување и нега на рацете и стапалата. Остатоците од стар лак отстранете ги од ноктите. Кожичката кај коренот немојте да ја сечете, туку само, бидејќи веќе е смекната, со стапче завиткано со памук потиснете наназад. Ноктите благо заоблете ги со турпија, а на нозете рамно исечете ги со ножички, па и нив измазнете ги со турпија. Се разбира, нема да заборавите да ја отстраните и задебелената кожа на стапалата. Сега, рацете измијте ги, па и нив и стапалата со блага масажа намачкајте ги со хидратантен крем. Кога кожата добро ќе го упие кремот, ноктите намачкајте ги со лак.

13.00 ч. 

Бидејќи косата во меѓувреме ви се засушила ( а лакот на ноктите, секако, сосем се исушил ), сега можете да започнете со обликување на фризурата со фен. После сето ова заслужувате малку одмор : со чај или кафе, поразговарајте со домашните или со пријателка поразговарајте телефонски.

14.00 ч.

Дозволете си сега и мал луксуз и приуштете си попладневен одмор. Испружете се на креветот и слушајќи музика нешто прочитајте и потрудете се малку да отспиете, но пред да легнете пределот околу очите задолжително намачкајте го со крема за нега на овој чувствителен дел на кожата.

16.30 ч.

За да кожата ви биде нежна и мека нанесете на лицето хидратантен крем, исчешлајте се, нашминкајте се и облечете се, а остатокот од денот организирајте го по ваша желба : поминете го со семејството во разговор или игра, одете во посете кај пријателка, во кино или театар, излезете со сопругот или со пријател.........................................................................................


" УБАВИНАТА - ТОА Е УБАВ ЖИВОТ " 

     Силвана Мангано


ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ





















                 

Sunday, December 22, 2013

КАКО ДА ГО СПРЕЧИТЕ ПОЈАВУВАЊЕТО НА СИТНИ БРЧКИ ОКОЛУ ОЧИТЕ ?



МАЛИ СОВЕТИ КАКО ДА ГО СПРЕЧИТЕ ПОЈАВУВАЊЕТО НА СИТНИ БРЧКИ ОКОЛУ ОЧИТЕ ?



За да се спречи појавата на ситни брчки во аглите околу очите, потребно е да примените специјален третман ( кура ). Секоја вечер на пределот околу очите благо натапкајте крем за очи и потоа ставете облоги од камилица и држете ги 5 минути додека кожата не го  впие кремот. Оваа постапка повторувајте ја секоја вечер, најмалку 7 дена.


ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ



Saturday, December 21, 2013

КАКО ДА ГО ПОБЕДИТЕ СТРАВОТ ОД НЕУСПЕХ ?



ПОБЕДЕТЕ ГО СТРАВОТ ОД НЕУСПЕХ !

Вашиот живот не ви се случува сам од себе. Со одлуките кои секојдневно ги носите, вие сте креатори на вашиот живот. Какви одлуки носиме, таков живот имаме. Можете да изберете среќа или тага, решителност или амбиваленција, успех или неуспех, храброст или страв. Животот ни нуди можности и предизвици, а изборот е само наш. За да постигнете успех , најпрво треба да го победите стравот од неуспех, а


ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ






КАКО ДА НАПРАВИТЕ КОКТЕЛ ОД ЧОКОЛАДА ?

 
 
НАПРАВЕТЕ КОКТЕЛ ОД ЧОКОЛАДА !
 
 
 
ПОДГОТОВКА 

Се става во шејкер 2-3 коцки лед, 1 жолчка од свежо јајце, 20 мл. жолт ликер Шартрез, 30 мл. коњак, 10 мл. растопена чоколада.
Се протресува во шејкерот брзо и се служи во чаша за коктел.

ПРАЗНИЦИТЕ СЕ БЛИЖАТ !

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ


 

Friday, December 20, 2013

КАКО ДА НАПРАВИТЕ ДОБОШ ТОРТА ?



НАПРАВЕТЕ ВКУСНА ДОБОШ ТОРТА


СОСТОЈКИ

За тесто : 200 гр. маслац или маргарин, 200 гр. шеќер, 1 ванилин шеќер, 4 жолчки, 1-2 лажици рум, 200 гр. брашно, 2 лажици прашок за печиво, 4 белки 
За крем : 1 пудинг со вкус на чоколада, 20 гр. какао, 150 гр. шеќер, 1/2 л. млеко, 250 гр. маслац или маргарин
Крокант : 300 гр. шеќер


ПОДГОТОВКА

Маслацот или маргаринот мешајте го додека не се запени и додавајте постепено шеќер, ванилин шеќер, жолчките и румот. Во таа смеса измешајте, лажица по лажица брашно заедно со прашокот за печиво и на крајот многу внимателно и цврст снег од белки. Испечете на средна температура 10 минути, поединечно 7 листови за торта, ставајќи за секој лист на дното по 3 лажици подготвено тесто.

КРЕМ 

Пудингот, какаото и шеќерот помешајте ги со 6 лажици млеко, а остатокот од млекото нека зоврие. Тргнете од оган, сипете го растопениот пудинг, вратете на оган за уште еднаш да зоврие. Оставете пудингот да се олади, но често мешајте. Оладен пудингот, лажица по лажица измешајте го во претходно пеместо изматен маргарин ( маслац ) , но внимавајте маргаринот и пудингот да не бидат преладни, бидејќи тогаш се прават грутки. Секој лист намачкајте го со кремот и составете ја тортата. Еден лист оставете за горниот дел.

КРОКАНТ

Шеќерот растопете го во жолта прозирна течност со која веднаш прелијте го горниот лист од тортата. Веднаш со нож исечете 12 еднакви делови и ставете ги еден по еден на тортата. Ножот пред сечењето намастете го или зарежете го во лимун.



ДОБАР АПЕТИТ !

ПРАЗНИЦИТЕ СЕ БЛИЖАТ !

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ




Thursday, December 19, 2013

КАКО ДА НАПРАВИТЕ СОК ОД МОРКОВИ ЗА ЈАК ИМУНИТЕТ ?



МОЌНИОТ МОРКОВ ГО ЈАКНЕ ИМУНИТЕТОТ !

Многумина мислат дека доколку морковот се грицка сиров е многу корисен за организмот, но тоа не е точно, бидејќи на тој начин се искористува само 2 % витамини. Од варениот морков се користи многу повеќе од хранливите состојки, 18 %, а од сировите изрендани моркови дури 82 %, додека свежиот сок од моркови е апсолутно најздрав. Внесувајќи ги морковите во вид на сок се користат сите здрави хранливи состојки кои ги содржи морковот. Сокот од моркови е извонреден напиток кој го јакне имунитетот, се бори против инфекции, ја прочистува крвта, ја подобрува работата на сите внатрешни органи, богат антиоксиданс кој ги исфрла токсините од организмот и др.

РЕЦЕПТ ЗА СОК ОД МОРКОВИ КОЈ ГО ЈАКНЕ ИМУНИТЕТОТ

СОСТОЈКИ

1 кг. моркови, 1 л. млеко, шеќер, сол и малку масло.


ПОДГОТОВКА

Морковите истругани и измиени ставете ги во соковник, за да добиете свеж сок. Сокот помешајте го со млекото, додадете малку масло, шеќер по желба и сосема малку сол.

Заради моќноста во јакнењето на имунитетот, често конзумирајте сок од моркови, но потребна е и повремена пауза.


ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ



КАКВА МОЌ ИМА МОРКОВОТ ?

КАКО ДА ИМАТЕ РАСКОШНО ДОЛГИ ТРЕПКИ ?



КАКО ПРАВИЛНО ДА НАНЕСУВАТЕ МАСКАРА ?


За да имате раскошно долги трепавици, комплетен изглед и совршен поглед, потребно е најпрво да изберете квалитетна маскара ( доверба подарете на веќе познати и признати производители, како на пр. Ревлон и сл. ) која ќе ви овозможи богато нанесување на бојата од самиот корен, при тоа ќе ги подигне трепките, ќе ги издолжи и благо ќе ги свитка. Но за да се постигне целосен ефект потребно е и правилно да ја нанесувате маскарата.


МАЛИ СОВЕТИ ЗА ТОА КАКО ПРАВИЛНО ДА ЈА НАНЕСЕТЕ МАСКАРАТА

  • Се четкаат трепавиците со четкицата од маскарата која е добро наквасена со римел. Значи го нанесувате првиот слој, но најпрво ги мачкате долните трепки, па потоа горните.
  • Откако ќе се исуши првиот слој, се четкаат трепавиците со сува четкичка која може да има и округол облик, со цел бојата добро да се распореди и да не дојде до залепување на трепките и до создавање на грутчиња.
  • За да вашите трепки бидат густи и за да ги нагласите очите, потребно е да нанесете уште еден слој, но само откако првиот добро ќе се исуши. Повторно се четкаат трепавиците со четка добро натопена со римел, но сега трепките се развлекуваат кон надворешната страна за да се добие бадемаст облик.
  • Добро да се раздвојат трепките со четкичка или со мал чешел за трепки.
  • напомена : За да се постигне кадифест поглед се практикува да се помеша малку пудра со римел и тоа се прави кога го нанесувате вториот слој.

МАЛИ СОВЕТИ ЗА СИМНУВАЊЕ НА МАСКАРА
  • Навечер пред легнување задолжително и темелно исчистете ги трепките од маскарата, за да тие и понатаму ја задржат убавината и да останат здрави.
  • За чистење користете препарати кои не содржат масло и кои се офтамолошки испитани. Значи никогаш не користете масло за тело или масло за бебе за да ја отстраните маскарата. 


ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ

Wednesday, December 18, 2013

КАКО ДА ПОДГОТВИТЕ ИЗВОНРЕДНО ВКУСЕН ТАРТ СО ЈАБОЛКА ?




НАПРАВЕТЕ ИЗВОНРЕДНО ВКУСЕН ТАРТ СО ЈАБОЛКА !

СОСТОЈКИ

Потребно е ( за 10 лица ) : 450 гр. лиснато тесто ( РЕЦЕПТ ЗА ЛИСНАТО ТЕСТО-ТАРТ ), 5-6 кисели јаболка, 5 лажици кристал шеќер, 4 лажици благо бело вино.
ТАРТ тестото е многу популарно во француската кујна , а се користи како солено или слатко.

ПОДГОТОВКА

Вклучете ја рерната. Развијте го тестото со величина 30 x 30 цм. Ставете го тестото на плех кој не лепи, покријте го со пластична кеса и ставете го во фрижидер.
Јаболката измијте ги и исчистете ги. Исечете ги на кришки и наредете ги преку тестото
( тргнете ја пластиката ). Налејте го виното и посипете со шеќер.
Ставете во рерна и печете околу 35 минути додека рабовите не заруменат. Се служи со изматена слатка павлака.


ДОБАР АПЕТИТ !

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ



КАКО ДА НАПРАВИТЕ ЛИСНАТО ТЕСТО-ТАРТ ?



 РЕЦЕПТ ЗА ЛИСНАТО ТЕСТО -ТАРТ

СОСТОЈКИ

Потребно е ( за 500 гр. тесто ) : 250 гр. брашно, 125 гр. размекнат путер, 100 гр. кристал шеќер, 1 јајце и малку сол.

Рецепт за популарното француско ТАРТ лиснато тесто



ПОДГОТОВКА

Ставете го путерот во сад, додадете шеќер и мешајте додека путерот не побели.Додадете го јајцето и матете 30 секунди. Потоа додадете го брашното и малку сол. Продолжете со мешање додека масата не се соедини. Потоа тестото ставете го на даска и продолжете да го месите со раце околу 5 минути.
Добиената кугла од тесто ставете ја во пластична кеса и оставете барем 2 часа во фрижидер. Да се извади од фрижидер 1 час пред употреба на тестото. Во замрзнувач тестото можете да го држите неколку месеци.


ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ


Tuesday, December 17, 2013

КАКО ДА НАПРАВИТЕ СОЛЕНО ИЛИ СЛАТКО ТАРТ ТЕСТО ?




КАКО СЕ ПРАВИ СОЛЕНО ИЛИ СЛАТКО ТАРТ ТЕСТО ?

СОСТОЈКИ

Потребно е ( за 250 гр. тесто ) : 150 гр. брашно, 100 гр. растопен путер, 1 1/2 лажици вода, 1/2 лажичка сол.

ТАРТ ТЕСТОТО Е МНОГУ ПОПУЛАРНО ВО ФРАНЦУСКАТА КУЈНА И СЕ КОРИСТИ КАКО СОЛЕНО ИЛИ СЛАТКО

ПОДГОТОВКА

Брашното, солта и водата ставете ги во сад за миксирање. Миксирајте 30 секунди, колку што е потребно тестото да се претвори во кугла. Оваа кугла ставете ја во пластична кеса и оставете барем 2 часа во фрижидер. Извадете го тестото и оставете го на собна температура 1 час, а потоа развијте го на даска посипана со брашно. Бидејќи тестото се става во плех или во модла, треба да го вратите уште еден час во фрижидер ( оваа постапка не е задолжителна, но го олеснува печењето ).
За слатко тесто, намалете ја солта и додадете 1 1/2 лажичка шеќер.



ДОБАР АПЕТИТ !

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ




КАКО ДА ПОДГОТВИТЕ ИЗВОНРЕДНО ВКУСЕН ТАРТ СО ЧОКОЛАДА ?



КАКО ДА ПОДГОТВИТЕ ИЗВОНРЕДНО ВКУСЕН ТАРТ СО ЧОКОЛАДА?



ПОДГОТВЕТЕ ИЗВОНРЕДНО ВКУСЕН ТАРТ СО ЧОКОЛАДА !

Во француската кујна многу е популарно тестото ТАРТ. Се користи како солено или слатко. Овие колачи одлично се вклопуваат како предјадења, главни јадења и десерти.

СОСТОЈКИ

Потребно е ( за 6 лица ) , 200 гр. слатко тесто, 150 гр. чоколада за готвење, 1,5 дл. слатка павлака, 50 гр. растопен путер, екстракт со вкус на кафе или ванила.

ТАРТ Е МНОГУ ПОПУЛАРНО ТЕСТО ВО ФРАНЦУСКАТА КУЈНА И СЕ КОРИСТИ КАКО СОЛЕНО ИЛИ СЛАТКО

ПОДГОТОВКА

Вклучете ја рерната. Со тесто обложете го плехот, а со мрсна хартија и зрнца грашок ( да ја држат хартијата ) покријте го тестото. Откако рерната ќе се загрее, ставете го ТАРТОТ и печете 10 минути. Потоа тргнете ги зрната грашок и хартијата и печете уште 15 минути, додека не зарумени. Извадете од рерна и оставете да се олади.
Во меѓувреме направете крем од чоколада : сипете ја павлаката во сад и додадете чоколада на парчиња. Ставете на тивок оган да зоврие, потоа тргнете, мешајте додека чоколадата не се растопи и оставете да се смлачи. Потоа додадете путер, постојано мешајќи. Додадете екстракт по желба и оставете да се олади, постојано мешајќи. Кога тестото веќе е ладно, филувајте го со кремот од чоколада и ставете го во фрижидер да стои барем 3 часа пред да се служи. Украсете со шлаг.


ДОБАР АПЕТИТ !


КАКО СЕ ПРАВИ СОЛЕНО ИЛИ СЛАТКО ТАРТ ТЕСТО ? 



Monday, December 16, 2013

КАКО ДО СОВРШЕН ПОГЛЕД ?



МАЛИ ТРИКОВИ ЗА СОВРШЕН ПОГЛЕД


Шминкањето претставува вистинска уметност. Шминката е магична и доколку правилно се нанесува дава неверојатни разултати, но при тоа треба да се внимава на следните нешта :
  • треба да разубави
  • да се внимава на облеката
  • да биде во склад со фризурата
  • да се води сметка за карактеристиките на личноста
При изборот на сенки за очи треба да  ги изберете оние кои најдобро ви прилегаат на бојата на вашите очи и на тенот. Сенките во прав се едноставни за нанесување, тие не се размачкуваат и не се собираат на очните капаци. За да имате совршен поглед искористете ги овие мали совети  за тоа како да ја нанесете сенката.

  • светлата сенка нанесете ја во внатрешниот дел на капакот
  • темна нијанса ставете на надворешниот дел на окото, а потоа со мека четкичка спојте ги тие две нијанси и ќе добиете благ, многу природен спој
  • доколку сакате да го отворите окото, под веѓите нанесете малку светла сенка и ќе го постигнете посакуваното
  • за дневна шминка внимателно дозирајте ја сенката на тој дел од окото, додека за вечерна варијанта можете да додадете малку појака нијанса
  • пред да купите одредена сенка проверете како таа реагира на вашата кожа, а предност дадете на пудрестите сенки, а не на масните.Ако изберете сенка со свиленкаста текстура и дискретен сјај, лесно ќе постигнете вистински софистициран поглед.

"УБАВИНАТА Е ТОЛКУ ЧУДЕН ФЕНОМЕН, ЗАШТО ДЕНЕС И ГРДАТА ЖЕНА, НА ПРИМЕР, ПРЕКУ НОЌ МОЖЕ ДА СТАНЕ УБАВА".

                                                                               - ПИКАСО -
ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !
ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ


КАКО МАТИЧНИОТ МЛЕЧ ГО ЧУВА ЗДРАВЈЕТО ?



МОЌТА НА МАТИЧНОТ МЛЕЧ


Матичниот млеч го нарекуваат природен еликсир или еликсир на младоста. Тој е најважен пчелен производ-густа, млечно-бела супстанца ( кралско желе ) со светло-кафен прелив. Овој пчелин производ служи и за храна на матицата, која благодарение на млечот живее и до 8 години, а обичните пчели живеат од 2 до 4 месеци. Тој содржи вода, белковини ( аминокиселини ) , ензими, хормони, шеќери декстрин, масти, незаситени асенцијални масни киселини, минерални материи и богатство од витамини ( Б1, Б2, Б6, Б12 ), пантотенска киселина, фолна киселина, Ц, Д, Е и др. Млечот има антибиотско, антисептичко, антивирусно и антигливично дејство. Тој е единствена природна материја што содржи ацетилхолин, кој ги одржува виталните органи и функции. Негова заслуга е намалување на лачењето адреналин, хормон на стресот и на стравот. Со многубројни студии е докажано дека млечот навистина има извонредно значење за полесно закрепнување и лекување на многу заболувања ( црниот дроб, панкреасот, бубрезите, белодробните и стомачните заболувања, регенерација на кожата, коскенозглобните органи, крвните садови, заразните и малигните заболувања ). Исто така ги подобрува апетитот и крвната слика. Подобрувајќи ја здравствената состојба млечот влијае и на менталното здравје. Особено е корисен за постари лица, деца, бремени жени и доилки. Може да се најде во свежа состојба, во кристализиран мед и во мешавина со мед, полен  и прополис.


ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ



Sunday, December 15, 2013

КАКО КАРФИОЛОТ ГО ЧУВА ЗДРАВЈЕТО ?



МОЌТА НА КАРФИОЛОТ !



Карфиолот има многу моќно дејство врз зачувувањето на здравјето на луѓето. Тој исто како и брокулата и зелката содржи многу состојки кои делуваат против ракот и ги регулираат хормоните. Се смета дека посебно е делотворен против ракот на дојка и дебелото црево. Одличен извор е на витамин Ц, а добар извор е на фолна киселина и на витамин К. Во 100 гр. свеж карфиол се содржат 2,5 грама диетални влакна и 18 мл. фитостерол. Тој е речиси без масти, има многу малку јаглени хидрати и воопшто калории. Во земјите од Медитеранот, особено во Италија, карфиолот се одгледувал 6 века пред Исус Христос, а во Европа започнува да се одгледува на почетокот на 12 век во Грција. Најмногу се одгледува во Шпанија, Франција и Италија.


ВНИМАНИЕ : ДОЛГОТРАЈНОТО ГОТВЕЊЕ ГИ УНИШТУВА НЕКОИ ОД ДЕЛОТВОРНИТЕ СВОЈСТВА. ЈАДЕТЕ ГО КАРФИОЛОТ СИРОВ, ДЕЛУМНО ОБАРЕН ИЛИ ПОДГОТВЕН ВО МИКРОВАЛНА ПЕЧКА.


ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ






Saturday, December 14, 2013

КАКО ДА НАПРАВИТЕ КУПКА ОД ЛИПОВ ЦВЕТ ?



НАПРАВЕТЕ ДЕЛОТВОРНА КУПКА ОД ЛИПОВ ЦВЕТ !



ПОДГОТОВКА

Во вода со температура околу 35 степени, ставете една рака липов цвет или чај од сварен липов цвет. Во купката останете се додека водата не се олади.
Купката од липов цвет особено е делотворна за оние кои патат од несоница и нервна напнатост.


ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ




КАКО ДА НАПРАВИТЕ ЛЕК ЗА АКНИ И МИТЕСЕРИ ?



НАПРАВЕТЕ ЛЕК ЗА АКНИ И МИТЕСЕРИ !




Во 1/2 лонче зовриена вода да се изренда 1/3 сапун, да се додаде една супена лажица камфор и 3% хидроген, една лажичка глицерин и една лажичка борна киселина. Кога ќе се излади масата се става во добро измиена тегличка. Се употребува еднаш седмично, се мачка на лицето и вратот и се остава 5 минути да стои, а потоа се мие со ладна вода.


ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ


 

5 НЕШТА КОИ ХРАБРИТЕ ЖЕНИ НИКОГАШ НЕ ГИ ПРАВАТ !



ОТКРИЈТЕ ГИ НЕШТАТА КОИ ХРАБРИТЕ ЖЕНИ 
НИКОГАШ НЕ ГИ ПРАВАТ !

Сите ние како жени сме храбри на свој начин. Не постои жена која не посакува за себе и за своето семејство, среќа и благосостојба, но за да се остварат овие посакувања, потребно е да се носат храбри одлуки. Овие храбри одлуки го креираат нашиот живот, па оттука какви одлуки носиме таков живот имаме.


ИМА НЕШТА КОИ ХРАБРИТЕ ЖЕНИ НИКОГАШ НЕ ГИ ПРАВАТ, А ТИЕ СЕ : 

  1. Храбрата жена никогаш не останува во лоша врска или лош брак.
  2. На храбрата жена никогаш не и е потребна потврда за нејзините вредности, особено не од маж. Таа знае сама да се вреднува себе си, полна е со самодоверба и самопочит.
  3. Храбрата жена никогаш не мирува. Таа и кога е сама знае да го живее животот и да носи храбри одлуки. Таа не чека да се појави маж во нејзиниот живот, па тогаш да започне да живее задоволно и среќно. Нејзиниот живот го исполнуваат и многу други нешта.
  4. Таа никогаш не потпаѓа под туѓи влијанија, и носи свои самостојни храбри одлуки.
  5. Таа никогаш пред себе не си поставува нереални цели, туку секогаш е реална во своите барања и очекувања, и никогаш не се откажува, туку храбро чекори кон целта.


" ДОКОЛКУ СТЕ ХРАБРИ ДА КАЖЕТЕ ЗБОГУМ, ТОГАШ ЖИВОТОТ ЌЕ ВЕ НАГРАДИ СО ДОБРЕДОЈДЕ ".
                                                                                                            - ПАОЛО КОЕЛЈО - 

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ

 

КАКО РИБАТА И РИБИНОТО МАСЛО ГО ЧУВААТ ЗДРАВЈЕТО ?



КАКВА Е МОЌТА НА РИБАТА И РИБИНОТО МАСЛО ?


Рибата е извонредно лековита храна која има и превентивна улога во зачувување на здравјето. Делува кај коронарните заболувања на срцето, ја спречува смртноста од срцеви напади со само два оброка седмично. 30 гр. дневно риба го намалува ризикот од срцев напад за 50 %. Рибиното масло може да ги олесни симптомите на реуматоидниот артритис, астма, псоријаза, висок крвен притисок. Мигрена, улцерозен колитис, а можеби и мултипле склероза. Може да делува и против мозочен удар. Има познато антиинфламаторно дејство и антикоагуланс. Го зголемува корисниот тип ХДЛ холестерол и драстично ги намалува триглециридите. Некои риби се богати со антиоксиданси како што се селен и коензим Q-10. Покажува антиканцерогено дејство, особено во спречување на развојот на ракот на дебелото црево и ширењето на ракот на дојка. 

ВНИМАНИЕ : рибата најбогата со масни киселини омега-3 дава најдобра заштита. Тука спаѓаат : сардините, скушата, харинга, лосос, туна.


ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ




Friday, December 13, 2013

КАКО ДА ПОДГОТВИТЕ ЧАЈ КОЈ ОСЛОБОДУВА ОД СТРЕС ?



ПОДГОТВЕТЕ ЧАЈ ОД ЃУМБИР КОЈ ЌЕ ВЕ 
ОСЛОБОДИ ОД СТРЕСОТ !


Чајот од Ѓумбир делува антидепресивно и ослободува од стрес, а воедно го чисти организмот од токсини и му дава дополнителна енергија. Чајот од Ѓумбир се комбинира со сок од лимун и мед. После редовно конзумирање ќе ги почувствувате придобивките од моќниот Ѓумбир.

ПОДГОТОВКА

Потребно е 2 л. вода 5 минути да врие, па да се олади. Потоа изрендајте 5 гр. Ѓумбир, две лажици мед и две лажици сок од лимун, лажичка анис и лажичка лут буковец. Чајот се конзумира во текот на целиот ден по малку.


ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ

КАКО ЃУМБИРОТ ГО ЧУВА ЗДРАВЈЕТО ?



МОЌТА НА ЃУМБИРОТ !


Ѓумбирот е билка со многу моќно дејство. Ѓумбирот се користел во Азија со векови против мачнини и гадење, повраќање, главоболка, колера, настинка, дијареа, болки во желудникот, реума и нервни болести. Тој докажано е средство против гадење и повраќање за време на патување и исто толку е добар како и соодветен фармацевтски лек, како што е драмамин. Ѓумбирот го чисти организмот од токсини и го подобрува сексуалниот живот. Ја отстранува и спречува мигрената. Делува против дијареа и против депресија. Исто така делува антитромботички и антиинфламаторно, тој е многу моќен антиоксиданс, а делува и антибактериски, ги уништува салмонелата и стафилококите. Ѓумбирот ослободува од стрес заради неговото седативно дејство. Аромата на коренот е со пријатен мирис на лимун, а вкусот му е слаткасто-луткаст. Се користи во сите форми : свеж, сушен, во прав, како масло, чај . Може да се комбинира со мед и со други билки, а се препорачува за белодробни болести, астма и бронхитис.


ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ


КАКО ДА ПОДГОТВИТЕ ПЕЧЕНО СВИНСКО КАРЕ ?



ПОДГОТВЕТЕ ВКУСНО ПЕЧЕНО СВИНСКО КАРЕ

СОСТОЈКИ

Цело парче свинско каре околу 1- 1,200 кг. , сол, маст. 



ПОДГОТОВКА

Целото парче свинско каре се мие, се брише со салфетка, се посолува од сите страни и се става во земјена тава. Се загрева маста и со врела маст се прелива карето, а потоа се става во рерна да се пече околу 2 часа. За време на печењето постојано се налева со малку топла вода. Печеното каре треба да биде убаво вцрвенето од сите страни. Кога е готово се сече на парчиња, се сервира прелиено со сокот во кој се печеше. Се служи со салата, компири ( приготвени по желба ), солен пилав, динстана зелка. 


ДОБАР АПЕТИТ !

ПРАЗНИЦИТЕ СЕ БЛИЖАТ !

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ






КАКО ДОБРО ДА СЕ ОРГАНИЗИРАТЕ СЕБЕ СИ ?



КАКО ДА СЕ ОСЛОБОДИМЕ ОД СТРЕСОТ И ДА ЖИВЕЕМЕ  ПОДОБРО ?

Секогаш доцните ? Мислите дека тоа ви се случува само вам? Се обидувате да најдете начин како да успеете да ги завршите сите дневни обврски, но тешко ви оди од рака и постојано сте под огромен притисок кој ви создава стрес. Впрочем природно е, растргнати помеѓу домаќинството, децата, сопругот, работата, сосема да изгубите чувство за време. Понекогаш часовите толку брзо ни поминуваат, што човек не приметува кога завршил денот. Постојат неколку начини да бидете точни, односно да не доцните, како и со добра организација да се ослободите од притисокот и стресот кој што го чувствувате.


ЕВЕ НЕКОЛКУ МАЛИ СОВЕТИ КАКО ДА СЕ ОРГАНИЗИРАТЕ
  • Наутро станувајте барем 15 минути порано за да имате доволно време да се подготвите без да брзате и да си создавате стрес уште на почеток на денот. Особено потребно е да го правите ова, доколку треба да им помогнете и на вашите деца да се измијат, облечат и појадуваат. Се што ви е потребно вам и на вашите деца за тој ден, подгответе одвечер.
  • Доколку станувате барем 15 минути порано вие не само што ќе се подготвите без брзање, туку ќе имате и доволно време да стигнете на работа и да не доцните. Многу подобро е да стигнете на работното место барем 10 минути порано, за да се раскомотите, да земете здив, денот да го започнете со кафе, да го прегледате печатот, да ја проверите електронската пошта, да погледнете во роковникот и да направите план за тоа што ве очекува во текот на денот како дневни работни обврски. Нема ништо поубаво од тоа да работите без стрес, кој нема барем самите да си го создавате.
  • Направете листа на приоритетни обврски и ангажмани што мора да ги завршите во текот на денот, а елиминирајте ги помалку важните кои можат да трпат одлагање и да се завршат во некое друго слободно време. Не бидете перфекционисти и не се товарете со се и сешто, па дури и со некои задолженија кои всушност не ви припаѓаат вам. Пред да се зафатите со извршување на некоја од дневните обврски, проценете дали навистина е неодложна.
  • Предвидете ги неочекуваните ситуации. Ви се најавуваат пријатели кои сакаат да се видите, а вие избезумени не знаете дали ќе имате доволно време да се подготвите и да ги пречекате достојно. Понекогаш можете таквите во последен момент најавени средби и да ги одложите за некој друг ден кој вам ви одговара, но доколку тоа го правите пречесто тогаш пријателите може да се почувствуваат навредено од вашите чести одлагања на средбите, па да ве избегнуваат. Затоа секогаш имајте подрака замрзнати пици или некакви други полуготови производи кои брзо и лесно се подготвуваат, едно-две шишиња пиво или вино, нешто за ладно предјадење и сл. Така ќе се спасите од трчање по маркетите во последен момент, а ако на работа ви зазвони телефонот кога веќе сте тргнале не ја кревајте слушалката, за да не се забавите дополнително.
  • Зададете им задачи и на останатите членови на семејството. Претрупани сте од ангажмани како на работното масто така и дома околу домашните обврски и околу децата. Во тој случај побарајте помош од сопругот и од децата. Околу домашните обврски на пример не ги пеглајте оние алишта кои немора да се пеглаат, децата можат да си ја средат собата, да се сервира или расчисти масата, да се исфрли сметот, да се нареди машината за садови, сопругот може на пример да ги одведе децата на курс итн. На крајот на краиштата потребно вие и вам малку слободно време за да се релаксирате и да си го посветите себе си за одмор, нега и рекреација. Ова ќе го постигнете само доколку ги поделите обврските со остатокот од семејството, па со тоа вие ќе се чувствувате убаво и ќе го отфрлите стресот кој секојдневно ве оптоварува, а сето ќе допринесе за пријатна домашна атмосфера.

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ