НАПРАВЕТЕ ИЗВОНРЕДНО ВКУСЕН ТАРТ СО ЈАБОЛКА !
СОСТОЈКИ
Потребно е ( за 10 лица ) : 450 гр. лиснато тесто ( РЕЦЕПТ ЗА ЛИСНАТО ТЕСТО-ТАРТ ), 5-6 кисели јаболка, 5 лажици кристал шеќер, 4 лажици благо бело вино.
ПОДГОТОВКА
Вклучете ја рерната. Развијте го тестото со величина 30 x 30 цм. Ставете го тестото на плех кој не лепи, покријте го со пластична кеса и ставете го во фрижидер.
Јаболката измијте ги и исчистете ги. Исечете ги на кришки и наредете ги преку тестото
( тргнете ја пластиката ). Налејте го виното и посипете со шеќер.
Ставете во рерна и печете околу 35 минути додека рабовите не заруменат. Се служи со изматена слатка павлака.
ДОБАР АПЕТИТ !
ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !
ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ
No comments:
Post a Comment