КАКО ДА СЕ ОСЛОБОДИМЕ ОД СТРЕСОТ И ДА ЖИВЕЕМЕ ПОДОБРО ?
Секогаш доцните ? Мислите дека тоа ви се случува само вам? Се обидувате да најдете начин како да успеете да ги завршите сите дневни обврски, но тешко ви оди од рака и постојано сте под огромен притисок кој ви создава стрес. Впрочем природно е, растргнати помеѓу домаќинството, децата, сопругот, работата, сосема да изгубите чувство за време. Понекогаш часовите толку брзо ни поминуваат, што човек не приметува кога завршил денот. Постојат неколку начини да бидете точни, односно да не доцните, како и со добра организација да се ослободите од притисокот и стресот кој што го чувствувате.
Секогаш доцните ? Мислите дека тоа ви се случува само вам? Се обидувате да најдете начин како да успеете да ги завршите сите дневни обврски, но тешко ви оди од рака и постојано сте под огромен притисок кој ви создава стрес. Впрочем природно е, растргнати помеѓу домаќинството, децата, сопругот, работата, сосема да изгубите чувство за време. Понекогаш часовите толку брзо ни поминуваат, што човек не приметува кога завршил денот. Постојат неколку начини да бидете точни, односно да не доцните, како и со добра организација да се ослободите од притисокот и стресот кој што го чувствувате.
ЕВЕ НЕКОЛКУ МАЛИ СОВЕТИ КАКО ДА СЕ ОРГАНИЗИРАТЕ
- Наутро станувајте барем 15 минути порано за да имате доволно време да се подготвите без да брзате и да си создавате стрес уште на почеток на денот. Особено потребно е да го правите ова, доколку треба да им помогнете и на вашите деца да се измијат, облечат и појадуваат. Се што ви е потребно вам и на вашите деца за тој ден, подгответе одвечер.
- Доколку станувате барем 15 минути порано вие не само што ќе се подготвите без брзање, туку ќе имате и доволно време да стигнете на работа и да не доцните. Многу подобро е да стигнете на работното место барем 10 минути порано, за да се раскомотите, да земете здив, денот да го започнете со кафе, да го прегледате печатот, да ја проверите електронската пошта, да погледнете во роковникот и да направите план за тоа што ве очекува во текот на денот како дневни работни обврски. Нема ништо поубаво од тоа да работите без стрес, кој нема барем самите да си го создавате.
- Направете листа на приоритетни обврски и ангажмани што мора да ги завршите во текот на денот, а елиминирајте ги помалку важните кои можат да трпат одлагање и да се завршат во некое друго слободно време. Не бидете перфекционисти и не се товарете со се и сешто, па дури и со некои задолженија кои всушност не ви припаѓаат вам. Пред да се зафатите со извршување на некоја од дневните обврски, проценете дали навистина е неодложна.
- Предвидете ги неочекуваните ситуации. Ви се најавуваат пријатели кои сакаат да се видите, а вие избезумени не знаете дали ќе имате доволно време да се подготвите и да ги пречекате достојно. Понекогаш можете таквите во последен момент најавени средби и да ги одложите за некој друг ден кој вам ви одговара, но доколку тоа го правите пречесто тогаш пријателите може да се почувствуваат навредено од вашите чести одлагања на средбите, па да ве избегнуваат. Затоа секогаш имајте подрака замрзнати пици или некакви други полуготови производи кои брзо и лесно се подготвуваат, едно-две шишиња пиво или вино, нешто за ладно предјадење и сл. Така ќе се спасите од трчање по маркетите во последен момент, а ако на работа ви зазвони телефонот кога веќе сте тргнале не ја кревајте слушалката, за да не се забавите дополнително.
- Зададете им задачи и на останатите членови на семејството. Претрупани сте од ангажмани како на работното масто така и дома околу домашните обврски и околу децата. Во тој случај побарајте помош од сопругот и од децата. Околу домашните обврски на пример не ги пеглајте оние алишта кои немора да се пеглаат, децата можат да си ја средат собата, да се сервира или расчисти масата, да се исфрли сметот, да се нареди машината за садови, сопругот може на пример да ги одведе децата на курс итн. На крајот на краиштата потребно вие и вам малку слободно време за да се релаксирате и да си го посветите себе си за одмор, нега и рекреација. Ова ќе го постигнете само доколку ги поделите обврските со остатокот од семејството, па со тоа вие ќе се чувствувате убаво и ќе го отфрлите стресот кој секојдневно ве оптоварува, а сето ќе допринесе за пријатна домашна атмосфера.
ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !
ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ
No comments:
Post a Comment