Thursday, December 5, 2013

КАКО СЕСТРИТЕ ГО ЗБЛИЖУВААТ СЕМЕЈСТВОТО ?



КАКВО Е ЧУВСТВОТО ДА СЕ РАСТЕ ПОКРАЈ СЕСТРА ?

 

Сестрите го шират чувството на среќа и блискост, додека пак браќата често претставуваат извор на стрес и меѓусебна оддалеченост, тврдат научниците од универзитетот во Алстер. Истражувањата направени со интервјуирање на лица на возраст помеѓу 17 и 25 години, покажале дека растењето покрај сестра се поврзува со чувството на среќно и опуштено детство, особено во исклучително стресни ситуации. Истражувачите се убедени дека искрениот разговор за чувствата помеѓу сестрите ја зголемува меѓусебната отвореност и блискост. Исто така тоа најверојатно доведува до поврзаност и зближување на целото семејство. Семејствата со женски деца добро функционираат, додека оние семејства со синови одсекогаш имале послаба комуникација и блискост, што подоцна често испливувало во поголема затвореност во поглед на меѓусебните чувства и полоши резултати на психичките тестирања.

Затоа доколку имате сестра почитувајте ја, сакајте ја, слободно искажете ги своите чувства и бидете сигурни дека и таа вам ќе ви возврати со иста мера.  


ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ










No comments:

Post a Comment