НАПРАВЕТЕ ВКУСЕН ЧОКОЛАДЕН КОЛАЧ СО КРЕМ
СОСТОЈКИ
1 1/2 чаша брашно, 1/2 чаша какао во прав, 1 лажичка сода бикарбона, 125 гр. несолен путер, 1 чаша шеќер, 4 јајца, 3/4 чаша млеко.
ЗА ФИЛ : 1 шаша шеќер, 1 лажица какао, 10 гр. несолен путер, 1-2 лажици топло млеко, исечкани ореви.
ПОДГОТОВКА
Загрејте ја рерната на 180 степени. Намрсете со путер еден куглоф со дијаметар од 23 цм. Измешајте ги брашното, какаото и содата. Додајте ги путерот и шеќерот. Измешајте ги со миксер додека да добиете ронлива смеса. Додајте ги изматените јајца и млекото и матете уште 10 секунди. Измешајте ги состојките за филот. Ставете го садот на оган и мешајте за да добиете фина смеса. Префрлете ја смесата во калапот и печете го колачот 45 минути. Декорирајте со чоколадна глазура и исечкани ореви.
ДОБАР АПЕТИТ !
No comments:
Post a Comment