МАЛИ СОВЕТИ ЗА КОМБИНИРАЊЕ НА ШМИНКАТА
Со правилно комбинирање на шминката можете да постигнете чудесни резултати. Шминката треба да разубави, доколку добро се комбинираат боите ќе успеете во тоа. Затоа еве неколку мали совети за тоа :
- Шминка во смеѓи тонови : Очните капаци треба да се обоени во светло смеѓа боја и тоа така да со работ на окото доаѓа што потемна, а на крајот најсветлата нијанса. Руменилото треба едвај да е видливо и тоа исто така во смеѓкаст тон. На усните нанесете кармин во што поприродна боја. Не заборавајте смеѓите тонови не се само за смеѓокосите. И русокосите можат да изгледаат убаво, сините очи, нашминкани со смеѓи тонови ќе изгледаат уште посветли отколку што се.
- Златно-смеѓи тонови : За овие тонови можат да се определат и русокосите и црнките, бидејќи многу се природни и одговараат на секоја боја на шареницата на окото. Сенката за очните капаци е светло-жолта со работ на окото, окер и црвенкаста под веѓите. Руменилото за образи едвеј е видливо и задолжително има златести примеси. Карминот за усни треба да биде бледо портокалов, а маскарата може да биде смеѓа или темно смеѓа.
- Смарагдно-зелени тонови : Овие раскошни тонови создаваат вистински оквир за очите. Сенката за капаците е во три нијанси кои исто така одат од најбледа до најјака. Руменилото за образи треба да биде едвај забележително. Карминот во благи смеѓи тонови и без сјај. Посебен акцент на овој колорит се маскарите во смарагдно-зелени бои кои очите ги истакнуваат во прв план.
- Беж тонови : Ова е боја на есента. Ненападна е, па е погодна за дневна шминка. Толку е нежна и едвај забележителна и се вклопува со природната боја на тенот и остава впечаток дека не сте нашминкани, а повторно на вашиот изглед му дава посебен сјај. Сенката за очните капаци е во боја на песок, како и руменилото за образи. Со овие тонови одлично прилега кармин за усни, смеѓкасто-црвена боја. Маскарата за трепки треба да е во јака смеѓа боја.
- Сиви тонови : Оваа боја е најидеална за шминкање на очите. За да малку и дадете живост, можете да ја комбинирате со виолетова. Маскарата е исто така смеѓа, а карминот за усни светлорумен. Овие тонови прилегаат скоро на секое лице.
- И на крајот, не заборавајте руменилото за образи нанесувајте го во мали количини, односно во едвај забележителни тонови.
ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !
ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ
No comments:
Post a Comment