НЕГУВАЈТЕ ЈА И ЗАШТИТЕТЕ ЈА СУВАТА КОЖА
И ИСПУКАНИТЕ УСНИ ВО ЗИМА
Секоја кожа природно има заштитен масен слој, но кај сувата кожа овој слој е премногу тенок или дури и го нема, па и влажноста од неа лесно и брзо испарува. Последиците се сушење на кожата и појава на брчки. Исто така сувата кожа е многу повеќе изложена на штетните материи од воздухот. На крајот, тука се и наглите температурни промени, кои секако неможат да се избегнат, па дождот и маглата, а резултат на сето ова е црвен нос и црвени образи. Воопшто, на сувата кожа и е потребно многу повеќе нега, отколку на нормалната и масна кожа, и тоа со соодветни препарати кои содржат доволно маснотии и влажност со што би се надоместил основниот недостаток, а во зима сето тоа мора да биде многу повеќе нагласено.
ЕВЕ НЕКОЛКУ МАЛИ СОВЕТИ КАКО ДА ЈА НЕГУВАТЕ
СУВАТА КОЖА ВО ЗИМА
СУВАТА КОЖА ВО ЗИМА
- редовното чистење на кожата е основа за секој тип на кожа, но на сувата кожа и е потребна понагласена нега во зимските денови. За чистење на сувата кожа се препорачуваат поблаги препарати, како на пр. масно млеко за чистење кое ја отстранува прашината, нечистотијата и потта, а при тоа ни малку нема да ја иритира кожата.
- дополнителна нега покрај млекото за чистење, е и тоникот без алкохол со кој ќе се отстранат остатоците од млекото, а билните екстракти кои овој тоник ги содржи, истовремено смирувачки ќе делуваат на овој чувствителен тип на кожа.
- после чистењето, на лицето треба да се нанесе хидратантна крема, но сега во зимскиот период, пред да излезете надвор, преку овој крем нанесете и тенок слој масен крем ( ноќна крема ).
- пред да започнете со шминкањето, почекајте кожата добро да го впие кремот, а вишокот отстранете го со хартиена марамица.
- не смеете да го заборавите и кремот за очи кој инаку сте го употребувале само навечер. Вишокот и од овој крем отстранете го со хартиена марамица.
- после сето ова лицето можете да го намачкате со подлога, тен во облик на крема, кој треба да го употребувате дури и ако досега тоа не сте го правеле, бидејќи тој кожата ја штити од студенилото и од прскање на капиларите.
- ни со пудрата немојте да бидете штедливи, затоа што и таа претставува добра заштита за кожата.
- негата на сува кожа не подразбира само нега на лицето, туку и нега на целото тело, бидејќи заради затоплувањето кожата на телото сега повеќе се перути.
- претераното капење исто така ја суши кожата, многу подобро е само да се туширате, и после тоа целото тело задолжително да го намачкате со млеко или со крема за тело.
- како посебна дополнителна нега се препорачуваат маски, но не оние кои се стегаат на лицето, туку во облик на пена која на кожата и ја надополнува влажноста. Маската исто така треба да се става и на вратот, а еднаш седмично, на исчистена кожа на вратот и деколтето можете да нанесете подебел слој ноќна крема и вратот и деколтето покријте го со топол пешкир, за да кожата подобро ја впие кремата. Потоа ако е возможно треба да се примени кура со соодветни ампули.
ЕВЕ НЕКОЛКУ МАЛИ СОВЕТИ КАКО ДА ГИ НЕГУВАТЕ
ВАШИТЕ УСНИ ВО ЗИМА
- Најпосле и на усните треба да им посветите повеќе внимание и нега, затоа што оние кои што имаат сува кожа често имаат и испукани усни. За да се спречи тоа, врз карминот или и без него, на усните секогаш треба да се стави сјај.
- Исто така, при рака секогаш треба да ви биде препарат за нега на усни со кој секогаш ќе ги намачкате кога ќе почувствувате дека се суви, а со тоа вашите усни ќе изгледаат убаво и негувано.
ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !
ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ
No comments:
Post a Comment