ЗА СЕКОЕ ЈАДЕЊЕ СООДВЕТЕН ПИЈАЛОК
За да организирате една прекрасна новогодишна свечена вечера покрај останатите подготовки потребно е за секое јадење кое ќе се најде на менито да има и соодветен пијалок и тој правилно да биде сервиран за секој гостин.
За да организирате една прекрасна новогодишна свечена вечера покрај останатите подготовки потребно е за секое јадење кое ќе се најде на менито да има и соодветен пијалок и тој правилно да биде сервиран за секој гостин.
ЕВЕ НЕКОЛКУ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ПОСЛУЖУВАЊЕ НА ПИЈАЛОЦИТЕ
- Аперативите се пијат пред јадење, за да отворат апетит. Како аперативи можат да се послужат сите видови ракија, водка, разни суви вермути, мартини, шери, порто вина, тоник и швепс со џин. Аперативи се воглавно сите високопроцентни вински и растителни дестилати, суви и слатки вина, безалкохолни горки пијалоци. Тие се служат ладени на температура од 3 степени, а се пијат пред јадењето и пред завземањето на местото покрај масата.
- Пивото се послужува оладено на 3 степени, во текот на предјадењето, или студено бифе.
- Општо правило е дека белите вина се пијат со јадења од бело месо, телешко, пилешко, јазик, зајак и разни бели риби.
- Белите вина и розе кои првенствено се пијат со риба се послужуваат разладени на подрумска температура од 7 до 11 степени.
- Црните вина по правило се пијат со темни меса и тоа првенствено со говедско, јагнешко и свинско, патки, гуски, мисирки, стек и бифтек, како и сите видови на дивеч.
- Црните вина се послужуваат неразладени на собна температура од 19 до 21 степен.
- Пенливите и слатки вина ( шампањско, Фрушкогорски бисер, Бакарска вдовица и сл.), се послужуваат со слатки јадења и разни десерти на температура од 3 степени.
- Пијалоците кои се послужуваат по јадење со црно кафе , се разни видови ликери ( слатки и горки ), разни коњаци и вињаци. Овие пијалоци се сервираат на собна температура неразладени на температура од 19 до 21 степен.
- Овошните сокови се послужуваат разладени на температура од три степени и можат многу добро да се послужат во подготвување на други напитоци ( long drinks ) од еден дел алкохол ( виски, џин, водка, коњак ) и три дела овошни или газирани сокови.
- Минералната вода се послужува разладена на температура од 3 степени, а има постојано место на масата за време на вечерата.
- Со тврди сирења, може да се пијат " тешки " бели и црни вина.
- Со меки сирења се пијат млади и лесни бели вина.
- Иако постојат одредени правила со кои јадења се пијат одредени вина, сепак постојат исклучоци кога можете да пиете вино кое вам ви годи, без оглед на пропишаните правила.
- Чашите никогаш не се полнат до врвот, туку најмногу две третини.
ПРАЗНИЦИТЕ СЕ БЛИЖАТ !
ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !
ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ
No comments:
Post a Comment