УЖИВАЈТЕ СО ШАМПАЊСКО И ДОЧЕКАЈТЕ ЈА НОВАТА ГОДИНА !
Посебниот вкус на шампањот секогаш ги придружува среќните животни моменти, а пречекот на новата година е незамислив без чаша шампањско. Тој е исклучително вкусен, отмен и едноставно совршен пијалок кој е круна на секоја свеченост. Шампањот се прави според строги и стари правила од грозје одгледувано на специфичен начин. Тој одлично се вклопува со јадење, па можете да го пиете како аператив, со главно јадење и со десерт.
ЕВЕ НЕКОЛКУ МАЛИ СОВЕТИ КАКО ДА КОНЗУМИРАТЕ ШАМПАЊ
ЕВЕ НЕКОЛКУ МАЛИ СОВЕТИ КАКО ДА КОНЗУМИРАТЕ ШАМПАЊ
- како аператив за коктел забава: за оваа пригода шампањот, пијте го со чаден лосос или со нешто слично. Во тој случај одберете бел шампањ.
- со сендвичи на шведска маса, топли јадења, со предјадења од сирење најдобар е шампањ со изразен вкус.
- со црн дроб послужете шампањ со малку овошен вкус.
- со вечера: со морски плодови понудете бел шампањ, со пријатен вкус и на тој начин ќе го надополните елегантниот вкус на вечерата.
- ако се определите за риба, тогаш одберете лесен шампањ.
- за десерт: со торти и колачи и други видови слатки, можете да понудите лесен шампањ со вкус на шумско овошје.
- после тешките обилни оброци идеален десерт е сладоледот, па во тој случај послужете шампањ со вкус на праска.
- со овошни пити и суво овошје послужете шампањ со овошна арома.
НА ПОЛНОЌ КОГА СТРЕЛКИТЕ НА ЧАСОВНИКОТ ЌЕ СЕ ПОКЛОПАТ ЗЕМЕТЕ ЧАША ШАМПАЊСКО И ЧЕСТИТАЈТЕ ИМ ЈА НОВАТА ГОДИНА
НА СВОИТЕ НАЈБЛИСКИ
ПРАЗНИЦИТЕ СЕ БЛИЖАТ !
ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !
ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ
No comments:
Post a Comment