Tuesday, December 3, 2013

КАКО ДА ГИ ПРЕПОЗНАЕТЕ ЗНАЦИТЕ ДЕКА ВАШИОТ ПАРТНЕР ПОВЕЌЕ НЕ Е ЗАИНТЕРЕСИРАН ЗА ВАС ?



ПРЕПОЗНАЈТЕ ГИ ЗНАЦИТЕ КОИ УКАЖУВААТ НА ТОА ДЕКА ВАШИОТ 
ПАРТНЕР НЕ Е ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАН ЗА ВАС !

Секоја љубовна врска на почетокот е динамична и изгледа дека е идеална. Партнерите започнуваат подобро да се запознаваат меѓусебе, се е ново и интересно. Поминувате голем дел од вашето слободно време со вашиот партнер, и кога ќе помислите дека од ова неможе подобро, тогаш се случуваат некои нешта кои вие не можете да си ги објасните и да поверувате дека се случуваат, па барате логика и оправдувања за однесувањето на вашиот партнер, а со тоа навлегувате во неквалитетна врска од која ќе мора да излезете со повредени чувства и изгубено драгоцено време од вашиот живот, доколку не ги препознаете знаците кои укажуваат на тоа дека тој повеќе не е заинтересиран за вас.
 

КОИ СЕ ЗНАЦИТЕ КОИ УКАЖУВААТ НА ТОА ?

  • Многу малку време поминува со вас, а средбите стануваат се поретки. Кога ќе се случи средба обично вие сте иницијатор и таа е многу куса и здодевна за него. Многу од вашите предлози за средба тој ги одбива со разноразни изговори дека нема слободно време.
  • Воопшто не е заинтересиран за романтични средби или поминување на убави векенд денови заедно, кои исто така ги одбива со разноразни изговори.
  • Престанува комуникацијата. Разговорот сосема исчезнува и се се сведува само на куси физички средби. Престанува да ве гледа во очи кога веќе нешто ви зборува, а на тој начин разговорот ја губи својата возбуда и цел.
  • Љубовта повеќе не постои, а сексот се сведува на рутина која полека исчезнува.
  • Не ве инволвира во неговиот семеен живот и во неговиот социјален живот.
  • Не ја покажува јавно вашата љубовна врска.
  • Воопшто не сака да учествува во никакви планирања за иднината. Секогаш кога вие зборувате за иднината или за вашата врска ја менува темата.
  • Има забелешки за се што вие ќе направите.
  • Воопшто не ви се јавува, туку вие сте таа која постојано му се јавува на телефон.
  • Не одговара на телефонските повици или пак ако одговори е многу кус и ладен, со изговор дека во тој момент е зафатен и неможе да разговара.

Тој што е заинтересиран ќе најде солуција, а не изговор. Љубовниот однос почива на следните работи : љубов, взаемно почитување, комуникација, споделување.........

Јасно е дека интересот е изгубен, доколку тој не ги прави овие нешта, а вие треба навреме да ги препознаете овие знаци кои понекогаш се суптилни, а понекогаш се многу очигледни, па да ја прекинете таквата врска и да си отворите нова врата низ која ќе минете и ќе продолжите понатаму со својот живот.



ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ


"ЉУБОВТА НА ПРИМИТИВНИТЕ ИМ Е ФИЗИЧКА ПОТРЕБА, НА ЛУЃЕТО ОД ДУХ ЉУБОВТА ИМ ЗНАЧИ ДОЖИВУВАЊЕ КОЕ ГО ОПФАЌА СЕТО БИТИЕ. " 

                                                                                            - БАЛЗАК -






No comments:

Post a Comment