ПОДГОТВЕТЕ ВКУСЕН ЗАЈАК ВО ПИВО
За претстојните новогодишни празници можеби ќе се одлучите вашата трпеза да ја збогатите со дивеч. Доколку е така ви предлагаме да подготвите печен зајак во пиво. Со ова јадење одговара да се напиете црно вино.
СОСТОЈКИ
Зајачки грб, 2 зајачки бута, 15 гр. чадена сланина, 1 дл. масло, 15 гр. печурки, една конзерва пченка во зрна, 4 кисели краставички, 2 средни главици кромид, 1/2 л. говедска супа, 3 дл. пиво, ловоров лист, 10 зрна боровинки, 2 феферонки, 2 дл. слатка павлака, малку мајоран, сол и црн пипер.
ПОДГОТОВКА
Грбот и бутовите од зајакот исчистете ги од кожата, исечете ги на 8 парчиња и посолете, ставете црн пипер и мајоран. Сланината исечете ја на коцки и пржете ја на загреано масло заедно со кромидот. Додајте ги парчињата од зајакот, а откако ќе заруменат од двете страни, додајте го пивото. Кога ќе зоврие измешајте го со феферонките, боровинките, ловоровиот лист и супата. Поклопете ја тавата и ставете ја да се пече на ниска температура. Откако ќе се испече извадете го месото од течноста, и додадете ја слатката павлака во истата течност и мешајте без прекин. Повторно вратете ги парчињата месо, оставете уште малку да се поварат и сервирајте со краставички, пченка и печурки.
ДОБАР АПЕТИТ !
ПРАЗНИЦИТЕ СЕ БЛИЖАТ !
ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !
No comments:
Post a Comment