Thursday, December 12, 2013

КАКО ДА ОСТАНЕТЕ ДОСЛЕДНИ НА СЕБЕ СИ ?



КОИ СЕ НАЈЧЕСТИТЕ ИЗГОВОРИ ЗА НЕВЕЖБАЊЕ ?

Колку пати сте си ветиле себе си дека ќе започнете да одите на фитнес, аеробик, зумба, пилатес итн., па сте се откажале ? Или пак сте започнале со вежбање и после неколку тренинзи исто така сте се откажале ? Со доаѓањето на есенските, а еве наскоро и зимските студени денови некако полесно ви е да си останете дома пред телевизор, гледајќи серии. Многу е важно да знаете што сакате да постигнете со вежбањето, односно со која цел сакате да вежбате. Откако ќе го расчистите тоа, постојано во мислите нека ви бидат придобивките од вежбањето кои би ги оствариле доколку останете доследни на себе си и не се откажете при првиот поголем напор кој ќе го почувствувате при вежбањето. Целта кон која се стремите нека биде ваша водилка по патот кој вие треба да се потрудите, и да го изодите, за да бидете во добра психо-физичка кондиција , здраво тело и затегнати мускули, едноставно кажано, одличен физички изглед кој вие отсекогаш сте го посакувале. 


ЕВЕ КОИ СЕ НАЈЧЕСТИТЕ ИЗГОВОРИ ЗА НЕВЕЖБАЊЕ ?

  • Од утре ќе почнам да одам. Ако не започнете веднаш, тогаш нема никогаш да започнете.

  • И онака неможам да ја намалам тежината, па нема потреба да вежбам. Напротив, единствено, заедно со здрава, правилна исхрана и физичка активност, ќе успеете во тоа.  Кога со одредена диета ќе успеете да ја намалите телесната тежина, тоа не е доволно за вашиот целосен физички изглед, туку морате и мускулите на телото да ги затегнете после намалувањето на тежината.

  • Имам обврски. И покрај многуте обврски кои ни ги задава современиот начин на живот, но и оние кои сами си ги задаваме, со добра организација на времето и направен распоред за завршување на обврските, може да се одвојат 45 минути во денот кои ќе си ги посветите себе си, знаејќи ја целта кон која се стремите.

  • Уморна сум и неможам да се помрднам, а не пак да вежбам. Колку и да сте уморни, бидете сигурни дека физичката активност ќе ви ги наполни батериите и ќе ве подигне, па ќе се почувствувате моќно и просто ќе заборавите на уморот.

  • Веќе вежбав и не постигнав никакви резултати. Одговорот е веќе тука, доколку не сте се откажале , резултатите порано или подоцна ќе сте ги почувствувале. Кога се започнува со вежбање, потребна е трпеливост и истрајност за да ги дочекате промените на подобро.

Бидете истрајни и не се откажувајте при првиот напор, затоа што целта за која што се борите е достижна и остварлива, а за возврат вие ќе изгледате убаво, полни со самопочит и самодоверба.


ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ ! 

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ



" НЕ ЈА МЕРИ ПЛАНИНАТА ПРЕД ДА СЕ ИСКАЧИШ НА НЕЈЗИНИОТ ВРВ. ДУРИ ТОГАШ ЌЕ ВИДИШ КОЛКУ Е - НИСКА"

                                                                                                   - ДАГ ХАМАРШЕЛД - 






1 comment:

  1. Ова сведоштво го споделувам со партнерите кои страдаат во нивните врски бидејќи постои трајно решение. Мојот сопруг ме остави мене и нашите две деца за друга жена три години. Се обидов да бидам силна само за моите деца, но не можев да ја контролирам болката што го мачеше моето срце. Бев повреден и збунет. Ми требаше помош, па истражував на интернет и наидов на една страница каде што видов дека д-р Елен, која работи на правопис, може да помогне да се вратат саканите. Ја контактирав и таа ми направи посебна молитва и магии. На мое изненадување, мојот сопруг повторно се врати дома по 2 дена. Така се обединивме и имаше многу љубов, радост и мир во семејството. Можете исто така да контактирате со д-р Елен, моќен магија за решенија
    1) Врати се дечко
    2) Повторно обединете маж или жена
    3) Ако имате кошмари
    4) Исцелување на ХИВ и рак
    5) Моќен магичен прстен
    6) Магија за среќа
    7) Раскинување на опсесијата
    8) Проблеми со породувањето и бременоста
    9) среќен лотарски број
    Контакт преку е-пошта: ellenspellcaster@gmail.com Можете исто така да го Whatsapp +2349074881619

    ReplyDelete