Monday, December 23, 2013

КАКО ДА СИ ПОСВЕТИТЕ ВНИМАНИЕ СЕБЕ СИ ?



МАЛИ СОВЕТИ КАКО ЕДЕН ДЕН СЕДМИЧНО ДА СИ ПОСВЕТИТЕ СЕБЕ СИ ЗА 
НЕГА ОДМОР И РЕКРЕАЦИЈА?


9.30 ч.

Откако лицето сте го измиле со вода, пребришете го само со тоник ( под претпоставка дека претходната вечер сте го исчистиле со млеко ), намачкајте го со хидратантна крема и, се разбира измијте ги забите, напијте се чаша сок од портокал или грејпфрут, облечете се топло и тргнете на прошетка. Барем половина час поминете надвор, по можност на прошетка со брзо темпо и барем денес, ако пушите заборавете на цигарите. Можете да застанете единствено само, ако сакате да купите весник.

10.00 ч.
  
Појадокот е најважен оброк во текот на денот. Значи, не само што не смеете да го прескокнете, туку наутро морате да одвоите доволно време да во мир појадувате, дури и обилно, бидејќи од тоа нема да се поправите, а на својот организам ќе му ја дадете потребната енергија која вам ви е потребна за текот на целиот ден. Затоа почастете се со богат појадок со кој ќе го замените и ручекот : чај или кафе со млеко, уште една чаша сок, јогурт со корнфлекс, две кришки препечен леб со путер и мед, меко варено јајце и ( или ) парче сирење. Обидете се да јадете полека, добро џвакајте и со тоа читајте нешто. За тоа време пуштете вода во кадата да се полни и додадете пена. 


10.30 ч. 

Во бањата исполнета со миризлива пареа, прво посветете се на лицето :  исчистете го со млеко и тоник, нанесете пилинг, потоа измијте го, повторно пребришете го со млеко и тоник. Веднаш измијте ја и косата со благ шампон, ставете пакување ( ако е потребно ), или барем ставете балсам, или измијте ја со вода во која сте додале оцет или сок од лимун ( ако имате светла 
коса ). Завиткајте ја косата со мек пешкир, на лицето нанесете маска во согласност со типот и потребата на вашата кожа. Ако е време отстранете ги и влакненцата од нозете и пазувите. Откако телото добро ќе го истриете со четка или луфа ракавица, спуштете се во када, опуштете се и останете така 10 минути во водата. Потоа брзо истријте го цело тело, исплакнете се со топла па со ладна вода, и отстранете ја маската од лицето, па и лицето и вратот намачкајте ги со хидратантна крема. Телото само истапкајте го со мека крпа и уште влажно намачкајте го со млеко или крема за нега на тело. Искористете го ова да истовремено го измасирате цело тело, а особено " загрозените " делови - бутините, колковите, стомакот. Тргнете го пешкирот од косата, внимателно расчешлајте ја и оставете да се суши на воздух.

12.00 ч.


Облечени во мека наметка или пижама, преминете сега на средување и нега на рацете и стапалата. Остатоците од стар лак отстранете ги од ноктите. Кожичката кај коренот немојте да ја сечете, туку само, бидејќи веќе е смекната, со стапче завиткано со памук потиснете наназад. Ноктите благо заоблете ги со турпија, а на нозете рамно исечете ги со ножички, па и нив измазнете ги со турпија. Се разбира, нема да заборавите да ја отстраните и задебелената кожа на стапалата. Сега, рацете измијте ги, па и нив и стапалата со блага масажа намачкајте ги со хидратантен крем. Кога кожата добро ќе го упие кремот, ноктите намачкајте ги со лак.

13.00 ч. 

Бидејќи косата во меѓувреме ви се засушила ( а лакот на ноктите, секако, сосем се исушил ), сега можете да започнете со обликување на фризурата со фен. После сето ова заслужувате малку одмор : со чај или кафе, поразговарајте со домашните или со пријателка поразговарајте телефонски.

14.00 ч.

Дозволете си сега и мал луксуз и приуштете си попладневен одмор. Испружете се на креветот и слушајќи музика нешто прочитајте и потрудете се малку да отспиете, но пред да легнете пределот околу очите задолжително намачкајте го со крема за нега на овој чувствителен дел на кожата.

16.30 ч.

За да кожата ви биде нежна и мека нанесете на лицето хидратантен крем, исчешлајте се, нашминкајте се и облечете се, а остатокот од денот организирајте го по ваша желба : поминете го со семејството во разговор или игра, одете во посете кај пријателка, во кино или театар, излезете со сопругот или со пријател.........................................................................................


" УБАВИНАТА - ТОА Е УБАВ ЖИВОТ " 

     Силвана Мангано


ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ





















                 

No comments:

Post a Comment