ПОДГОТВЕТЕ ВКУСНИ ФОНДАНТ НАПИТОЦИ
ЈАГОДА ФОНДАНТ
Во чаша од 250 мл. со дршка, намачкана одвнатре со шлаг се става 100 гр. сладолед од јагода и 50 мл. сок од јагода. Чашата се полни со ладна сода-вода и се служи со долга лажичка и долга сламка.
ОРАНЖ ФОНДАНТ
Во чаша од 250 мл. намачкана одвнатре со шлаг се става 100 гр. сладолед од портокал и 50 мл. сок од портокал. Се дополнува со сода-вода и се служи со долга лажичка и долга сламка.
Лимун фондант се прави исто само се менува сладоледот и сокот.
МАЛИНА ФОНДАНТ
Во чаша од 250 мл. одвнатре намачкана со шлаг, се става 100 гр. сладолед од малина и 50 мл. сок од малина. Чашата се дополнува со сода-вода и се служи со долга лажичка и долга сламка.
КАФЕ ФОНДАНТ
Во чаша од 250 мл. одвнатре намачкана со шлаг, се става 100 гр. сладолед од кафе и 50 мл. крем од чоколада. Чашата се дополнува со сода-вода и се служи со долга лажичка и долга сламка.
Чоколаден фондант исто се прави само се заменува сладоледот со чоколаден.
УЖИВАЈТЕ ВО НЕПОВТОРЛИВИОТ ВКУС НА ФОНДАНТ НАПИТОЦИТЕ !
ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !
ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ
No comments:
Post a Comment