Thursday, December 5, 2013

5 ПРАВИЛА ЗА ЗДРАВА ИСХРАНА ?



КАКО ДА СЕ ХРАНИТЕ ЗДРАВО ?

Здравата исхрана има особено значење за човековиот организам. Кој и да е татко на болеста, мајка е лошата исхрана ( кинеска поговорка ). Хранете се здраво, затоа што храната е вашиот чудесен лек. Хранејќи се здраво вие ќе се чувствувате здрави, полни со енергија, ќе се чувствувате расположени, а воедно ќе ја имате и идеалната телесна тежина.Начинот на исхрана е важен и одлучувачки фактор за здравјето, кое во потполност е во ваши раце. За останатите фактори кои влијаат на здравјето вие не можете секогаш да одлучувате, но за тоа што ќе јадете можете.


ЕВЕ НЕКОЛКУ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ЗДРАВА ИСХРАНА
  1. Појадокот е најважниот оброк во текот на денот. Значи, не само што не смеете да го пропуштите, туку наутро морате да одвоите доволно време за да појадувате, дури и обилно, бидејќи од тоа нема да се поправите, а својот организам ќе го обезбедите со енергија која ви е потребна за целиот ден.
  2. Секојдневно јадете овошје и пијте природно цедени сокови. Еднаш дневно јадете салата свежа или кисела, како и јадења од зеленчук кои се варени, динстани или барени. Цедените сокови се докажани како најдобар супститут за свежото овошје, особено наутро, кои ќе придонесат за детоксикација и ќе не одржат да бидеме свежи и полни со енергија во текот на целиот ден. Тие го подобруваат процесот на варење на храната и битно го дополнуваат дневното количество витамини и минерали.
  3. Оброците нека ви бидат во помали количини на секои три часа за да избегнете дигестивни нарушувања, особено ако постите.
  4. Секојдневно еден оброк нека ви бидат мешунките, исто така особено ако постите. На пр. грав, боранија, грашок, леќа , затоа што даваат доволно енергија за текот на целиот ден.
  5. Секојдневно пијте литар и половина вода или чај, цедени сокови.Уште едно правило кое не смее да се прекрши, доколку сакаме да бидеме здрави и да ја одржуваме идеалната телесна тежина, претставува правилното комбинирање на водата со другите намирници.Водата и другите здрави пијалоци, како што се чаевите и цедените сокови секогаш треба да се конзумираат на празен стомак, најмалку 15 минути пред оброкот, а особено наутро, веднаш по будењето. Водата, чаевите и цедените сокови слободно можат да се конзумираат со мед, но исто така и со свежо или суво овошје, без страв дека тоа би можело да влијае на процесот на варење.


ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ


 

No comments:

Post a Comment