ПОДГОТВЕТЕ ВКУСНИ ШНИЦЛИ ВО СОС ОД ЦРВЕНО ВИНО
СОСТОЈКИ ЗА ЕДНА ПОРЦИЈА
200 гр. свинско филе, 50 гр. шампињони, 40 гр. сланина, една лажица сенф, 50 мл. црвено вино, 100 мл. темен сос, 50 мл. павлака за готвење, сол, бибер, магдонос, масло , 40 гр. варен карфиол, 40 гр. варен морков и 40 гр. варен кељ.
ПОДГОТОВКА
Свинското филе го сечеме и го отвораме како шницла, која ја исчукуваме со чекан за месо, па ја зачинуваме со сол и бибер и ја пржиме во загреано масло по три минути од двете страни. Откако ќе ја испржиме шницлата ја тргаме од тавата и ја чуваме на топло.Шампињоните ги сечкаме, па ги ставаме да се испржат во тавата каде што ја пржевте шницлата. Во меѓувреме и сланината ја сечкаме на коцки, ја додаваме во тавата и пржиме 2-3 минути. Потоа ја додаваме едната лажица сенф и убаво промешуваме. Потоа го додаваме црвеното вино, промешуваме, па ја враќаме и шницлата во тавата и оставаме сето заедно да проврие. Тогаш ги додаваме темниот сос и павлаката, полека промешуваме, па оставаме да прокрчка, при што треба да го вртиме месото. Зачинуваме со сол, бибер, магдонос, па треба уште малку да прокрчка.
Шницлата ја сервираме во чинија и ја преливаме со сосот во кој се пржела.
Се гарнира со варен карфиол, морков и кељ. На крајот се наросува со сечкан магдонос.
ДОБАР АПЕТИТ !
ПРАЗНИЦИТЕ СЕ БЛИЖАТ !
ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !
No comments:
Post a Comment