КАКО ПРАВИЛНО ДА НАНЕСУВАТЕ МАСКАРА ?
За да имате раскошно долги трепавици, комплетен изглед и совршен поглед, потребно е најпрво да изберете квалитетна маскара ( доверба подарете на веќе познати и признати производители, како на пр. Ревлон и сл. ) која ќе ви овозможи богато нанесување на бојата од самиот корен, при тоа ќе ги подигне трепките, ќе ги издолжи и благо ќе ги свитка. Но за да се постигне целосен ефект потребно е и правилно да ја нанесувате маскарата.
МАЛИ СОВЕТИ ЗА ТОА КАКО ПРАВИЛНО ДА ЈА НАНЕСЕТЕ МАСКАРАТА
- Се четкаат трепавиците со четкицата од маскарата која е добро наквасена со римел. Значи го нанесувате првиот слој, но најпрво ги мачкате долните трепки, па потоа горните.
- Откако ќе се исуши првиот слој, се четкаат трепавиците со сува четкичка која може да има и округол облик, со цел бојата добро да се распореди и да не дојде до залепување на трепките и до создавање на грутчиња.
- За да вашите трепки бидат густи и за да ги нагласите очите, потребно е да нанесете уште еден слој, но само откако првиот добро ќе се исуши. Повторно се четкаат трепавиците со четка добро натопена со римел, но сега трепките се развлекуваат кон надворешната страна за да се добие бадемаст облик.
- Добро да се раздвојат трепките со четкичка или со мал чешел за трепки.
- напомена : За да се постигне кадифест поглед се практикува да се помеша малку пудра со римел и тоа се прави кога го нанесувате вториот слој.
МАЛИ СОВЕТИ ЗА СИМНУВАЊЕ НА МАСКАРА
- Навечер пред легнување задолжително и темелно исчистете ги трепките од маскарата, за да тие и понатаму ја задржат убавината и да останат здрави.
- За чистење користете препарати кои не содржат масло и кои се офтамолошки испитани. Значи никогаш не користете масло за тело или масло за бебе за да ја отстраните маскарата.
ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !
ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ
МОЖЕБИ ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ И
КАКО ДО СОВРШЕН ПОГЛЕД ?
МОЖЕБИ ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ И
КАКО ДО СОВРШЕН ПОГЛЕД ?
No comments:
Post a Comment