Saturday, December 28, 2013

КАКО ДА ЈА ПОВРАТИТЕ СВЕЖИНАТА НА ВАШЕТО ЛИЦЕ ?



МАСКИТЕ ОД БЕЛКА И ЛИМОН ЌЕ ЈА ПОВРАТАТ СВЕЖИНАТА НА КЛЕТКИТЕ
 
Пред да почнете со шминкањето, погледнете се добро во огледалото. Во случај лицето да ви е преполно со црни точкички ( митесери ), акни или мозолчиња, шминката нема да ви помогне. Напротив ! Со неумешна употреба на пудрата и на слични средства за шминкање, ќе предизвикате наполно спротивен ефект-нечистотија на кожата, која само уште повеќе ќе дојде до израз. Значи лицето треба прво добро да се исчисти. Најважна работа која треба да ја знаете и неизоставно да се придржувате : сапунот и водата не треба да ги исфрлите од употреба, дури иако редовно користите млеко и лосион. Значи, мијте се со благ ( беби сапун ) два пати дневно. Ако, пак, имате многу проблеми со кожата, најдобро е да одите на козметичар кој ќе ви направи вистински третман и по потреба ќе ви даде совети за натамошна нега. Инаку, чистењето на лицето можете да го вршите и сами, користејќи природни препарати од кујната.

 
Сварете јак чај од боливач, ставете ја главата над лонецот, покријте се со крпа и парете го лицето додека можете да издржите. Потоа со помош на шамивчиња од хартија ( а не со нечисти раце или уште полошо со нокти ), со благо притиснување истиснете ги митесерите, но само оние кои лесно излегуваат ( мозолчињата не пипкајте ги ). Лицето смирете го со специјален лосион за млада проблематична кожа. Потоа, на ред доаѓа маската. 

МАСКА ОД СВЕЖО ЈАЈЦЕ И ЛИМОН

Влезете во кујната и грижливо протресете го фрижидерот и земете свежо јајце. Одвојте ја жолчката, па половина белка изматете со 20-тина капки лимон и ставете ја на лицето добро да се стегне. Ако кожата и по симнувањето на маската со млака вода и натаму е вознемирена, продолжете со дополнителна маска.

ДОПОЛНИТЕЛНА МАСКА

Таа се прави од лажичка мед и лимон, а ако немате мед при рака, за истата цел можат да послужат и облоги од студен чај од боливач. На крајот нанесете хидратантен крем.

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ




No comments:

Post a Comment