Wednesday, December 11, 2013

КАКО ЛЕСНО ДА РАЗГОВАРАТЕ ?



КАКО ДА НАУЧИТЕ ЛЕСНО ДА КОМУНИЦИРАТЕ ?

Умеете ли да започнете разговор со непознати ? Тогаш немате потреба да ја читате оваа статија. Ако пак, понекогаш кога сте со некои луѓе кои не ги познавате доволно, не знаете што да кажете, следниве мали совети ќе ви бидат од полза.
Сигурно ви се случило да им завидувате на оние кои секогаш имаат готов одговор за секое прашање и умеат да разговараат со кого и да се најдат во друштво. Ако сте од оние кои често сакаат да се скријат во некој агол, а молчењето ви причинува уште поголема мачнина, тогаш знаете за што станува збор.


ЕВЕ НЕКОЛКУ МАЛИ СОВЕТИ КАКО ЛЕСНО ДА РАЗГОВАРАТЕ
  • Останете на дистанца: Искуството на вербалното комуницирање се состои во тоа да умеете да водите разговор со леснотија. Дури и ако ви се чини дека со некој тоа лесно ќе ви оди, избегнувајте сериозни теми. Разменете најопшти информации еден за друг, за да откриете дали вреди да се задлабочувате во разговорот. Започнувајте разговор за обични теми како кулинарство, некои дневни актуелни случувања, за некој одгледан филм или за некоја убава прочитана книга итн.
  • Барајте допирни точки : Не се чувствувајте должни постојано да звучите забавно, филосовски или интелигентно. Тоа може да го уплаши вашиот соговорник, особено ако не е во состојба да ви одговори на истото ниво. Зборувајте за нешто, кое заеднички го споделувате во моментот, на пример местото : " Колку е убаво тука ! " или по некој повод : " Многу ми се допаѓаат вакви собири". 
  • Поставувајте прашања : Поставете му прашање на соговорникот и така доведете го во ситуација да ви зборува за себе. Поставувајте прашања на кои неможе да се одговори со да или не. На пример : " Зошто ? ", " Како се чувствувате ? " , " Како е возможно ? ", " Што мислите за.....? " итн.
  • Слушајте го активно соговорникот : Додека разговарате покажете му на соговорникот дека со внимание го следите. Гледајте го соговорникот во очи и избегнувајте да го тргате погледот на друга страна.
  • Зборувајте позитивно : Секако дека секогаш можете да го започнете разговорот сo "Какво ужасно време !", веројатно соговорникот ќе се согласи со вас, ќе размените неколку фрази во таа насока, но темата брзо ќе се исцрпи, па тој што нема желба за нови познанства, а уште помалку да се зближува и е негативно настроен нема да ви биде добар соговорник, доколку разговорот го започнувате со ваков тип на прашања.

ВЕРБАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА МОЖЕ ДА СЕ НАУЧИ !

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ





No comments:

Post a Comment