МАСКИ КОИ ЌЕ ВИ ПОМОГНАТ ДА ИМАТЕ ПРЕКРАСЕН ИЗГЛЕД
ЗА НОВОГОДИШНАТА НОЌ !
Празниците се ближат и без разлика на тоа каде ќе ја прославувате Новата година вие треба да блеснете во полн сјај. Покрај изборот на облеката, фризурата и шминката потребно е претходно да се погрижите и за кожата на вашето лице.
ЕВЕ НЕКОЛКУ МАЛИ СОВЕТИ И МАСКИ НАМЕНЕТИ ЗА ПОТПОЛН БЛЕСКАВ
ИЗГЛЕД ЗА НОВОГОДИШНАТА НОЌ
Еве една маска за сите видови кожа, која бидејќи е наменета за користење во деновите пред Нова година, содржи малку повеќе материи за оптегнување и белење на кожата на лицето.
- Се мешаат 200 гр. цветен мед ( липов, багремов, мешан ) две лажици маслиново масло, сок од половина ( за сува кожа ) или цел лимун ( за мрсна кожа ), две лажици остро брашно, шишенце витамини А плус капки ( обично се купуваат за бебиња ). Добро изработената маска се става на чисто лице, триејќи ја со кружни движења на прстите и одбегнувајќи го пределот околу очите. По 20 минути маската се вади со млака вода. Маската може да се употребува и за редовна нега на кожата, но тогаш се ставаат 8 до 10 капки лимонов сок.
Ако и покрај советите се чека последниот ден спроти пречекот, за да се направи нешто со изгледот, тогаш преостанува да се стои над мијалник полн со врела вода, со покриена глава, лицето добро да се испари. Но, без никакви миризливи додатоци во водата, можат да предизвикаат алергија, а тогаш нема време за лекување. А на 31 декември на лицето може да се стави следната маска :
- Се мешаат малку глицерин и сок од половина лимун, смесата се процедува и со триење се нанесува на лицето, правејќи кружни движења од вратот и подбрадокот кон слепоочниците и челото. По оваа маска, во недостиг на хранлив крем, лицето може да се намачка со свежа павлака, која не остава траги и добро се впива во кожата.
Капаците и пределот околу очите се негуваат со облоги, а не со маски. Подочниците ќе ги снема, ако барем 7 дена со ред, по десетина минути се држат облоги од камилица на очите. Ако пак и тоа се остави за "пет минути до дванаесет", може да се употреби следната облога :
- Се лупи еден бел компир и се ренда. Потоа се додава пола шишенце витамини А и Д и една жолчка. Од добиената смеса се прават облоги со помош на газа, добро се пресуваат и со нив се покриваат капаците и образите.
Се разбира сите наведени маски и облоги добро е да се користат и во други прилики, а не само при подготвувањето за дочекот на новата година.
ПРАЗНИЦИТЕ СЕ БЛИЖАТ !
ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !
ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ
No comments:
Post a Comment