КАКО ДА ОТКРИЕТЕ ДО КАДЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРОТЕГА ПРИЈАТЕЛСТВОТО
ВО СЛУЖБАТА ?
Да се согласувате со колегите е важно, бидејќи најголемиот дел од денот го поминувате со нив. За да немате непријатности, не ги мешајте пријателството и службата. Блискоста има граници.
ЕВЕ НЕКОЛКУ МАЛИ СОВЕТИ КАКО ДА ГО РАЗГРАНИЧИТЕ
ПРИЈАТЕЛСТВОТО ОД СЛУЖБАТА
- Можеме ли се да споделиме со колегите ? Кога нешто не мачи ние чувствуваме потреба да ја отвориме душата пред некого. Нека не биде тоа колега или колешка, освен ако навистина ни е добар пријател. Има теми кои можат да бидат многу "лизгави". Да ги споделиме личните проблеми,да признаеме, дека не го одобруваме шефот, неговиот заменик или целиме на повисоко работно место, навистина е опасна авантура. Што ако тој, пред кого се исповедаме е злонамерен и ја пренесе информацијата што ја добил од нас? Доволно е да каже : " Маја не може да се справи со сопствените деца, а не пак да раководи со цел сектор ! " Затоа колку и да сакате да споделувате лични проблеми со некој колега-шка подобро е сепак да ги зачувате за себе или тоа да го направите со некој надвор од работното место.
- Кога пријателството и работата влегуваат во конфликт ? Со колешка сте пријателки, но воедно сте и конкурентки за исто унапредување. Ако заради неа се откажете од извонредната можност да напредувате во службата, бидете сигурни после долго ќе жалите. Доколку пак немате намера да го добиете тоа работно место, тогаш потребно е тоа навреме да и го соопштите на колешката. Нека не се создаде впечаток дека и работите зад грб. На истиот начин реагирајте, ако имате чувство дека ви го злоупотребуваат пријателството, за да ви натоварат задачи кои не се за вас. Тогаш дистанцирајте се од пријателството и позиционирајте го однесувањето на професионално ниво. На пример можете да кажете " Kако колешка сметам дека претеруваш !". Ако шегите се чести со шефот, тогаш кога е потребно шегите тргнете ги на страна и професионално одговорете на неговите работни барања. Тоа што разговарате пријателски, не значи дека не треба да ги извршувате зададените работни задачи, за кои сте назначени.
- Средби надвор од работното место. Ако со некој колега или колешка сте блиски, тогаш нема причина да не се гледате и надвор од работното место. Но средбите нека не се претворат во ритуал, доколку не сакате толку многу да го продлабочувате пријателството, а и нема причина за такво нешто, бидејќи блискоста со колеги од работа има граница. Не избегнувајте ги пријателите надвор од службата, напротив сретнувајте се и дружете се со луѓе од различни средини, тоа ќе ве обогати.
- Пазете се од лепење " етикети ". Најсигурното решение е од самиот почеток да се држите на дистанца. Ако немате желба да создадете пријателство со новата колешка од соседната канцеларија, тогаш не ги прифаќајте нејзините покани за кафе, разговор, заедничко јадење. Ако веќе сте во блиски односи, но повеќе од тоа не сакате да ги продлабочувате, тогаш тоа јасно искажете го. Не заборавајте дека : човек не си ги избира колегите, но затоа пак си ги избира пријателите.
- На "ти" или на "вие" да се обраќаме ? Се прашувате дали на шефот да му се обраќате на ти или на вие, или пак со господине, затоа што некои од колегите му се обраќаат по име. Во таков случај најдобро решение е директно да го прашате шефот, како сака да му се обраќате. Доколку не сте постапиле вака, тогаш не ризикувајте, обраќајќи му се по име, бидејќи ќе оставите лош впечаток кај шефот.
ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !
ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ
No comments:
Post a Comment