Saturday, December 7, 2013

КАКО ДА ОРГАНИЗИРАТЕ ПРЕКРАСНА НОВОГОДИШНА ЗАБАВА ?



ОРГАНИЗИРАЈТЕ НЕЗАБОРАВНА НОВОГОДИШНА ЗАБАВА

Доколку се одлучите новогодишната ноќ да ја поминете дома заедно со вашите пријатели, тогаш вистинско време е да започнете со првичните подготовки за тоа. За да се функционира безпрекорно потребно е добро да се организирате, а на тој начин вие ќе бидете задоволни, но и вашите гости.

ЕВЕ НЕКОЛКУ МАЛИ СОВЕТИ КОИ ЌЕ ВИ ПОМОГНАТ ДА ОРГАНИЗИРАТЕ 
ПРЕКРАСНА И НЕЗАБОРАВНА НОВОГОДИШНА ЗАБАВА
  • најпрво украсете го вашиот дом, а особено просторијата каде ќе ги сместите гостите. Тоа ќе го разубави амбиентот, гостите ќе се чувствуваат пријатно, а сето ќе допринесе да има празнична атмосфера.
  • размислете и за аранжманот на масата. Можете сами да направите на пр. цветен аранжман или новогодишна икебана, но доколку сакате можете и да купите.
  • направете доволно простор за забава и танцување, тргајќи го мебелот кој не е потребен во тој момент.
  • поставете шведска маса. Тоа е најдобро решение за вас и вашите гости кои сами би се послужувале.
  • можете да поставите и на мала масичка во некој агол од просторијата грицки, ладни сендвичи, пластични чаши и пијалоци.
  • набавете салфетки, пластични чаши, вилушки и чинии кои може да бидат декоративни и на тој начин ќе се ослободите од купишта валкани садови после забавата.
  • направете го списокот на гости кои ќе ги поканите на забавата. Поканете ги оние пријатели кои ви се драги и кои се забавни. Не е неопходно сите гости меѓусебе да се познаваат, напротив тоа би било добра прилика за нови познанства, а можеби и некоја нова љубов.
  • направете го изборот на храна и пијалоци навреме спрема афинитетите на гостите што ќе ги поканите, но можете и да ги изненадите со некој специјалитет.
  • за секое јадење кое е поставено на шведската маса треба да има и соодветен пијалок кој  исто така треба да биде разладен на соодветна температура 
  • можете да послужите и некои коктели кои можете сами да ги подготвите.
  • обезбедете доволно количество коцки мраз
  • погрижете се за изборот на музиката исто така спрема афинитетите на гостите. Музиката е многу важна за да се подигне расположението на гостите и целата празнична атмосфера.
  • на полноќ не заборавајте на шампањот кој е круна на секоја свеченост. Честитајте им ја новата година на вашите гости со чаша шампањ.
  • покрај храната, пијалоците и останатите подготовки, важно е и осветлувањето. Осветлувањето не смее да биде ниту прејако ниту преслабо. Во зависност од големината на просторијата запалете неколку светилки кои даваат пригушена светлина. Можете да запалите и свеќи кој ќе направат вистинска атмосфера. 
  • можете да организирате и лотарија со одредени симболични подароци.
  • Сите намирници кои ви се потребни набавете ги неколку дена пред забавата, за да ви остане доволно време за подготовка.
  • слободно побарајте помош од пријателите околу набавката и подготовките за забавата.
  • покрај подготовките околу забавата не заборавајте да најдете време за себе, односно за својот изглед, бидејќи за комплетно добро организирана забава не е доволно само гостите да бидат задоволни туку и вие. 
  • Немојте се да оставате за последен момент, затоа што тоа кај вас ќе создаде стрес и паника дека нема да стигнете навреме со се што сте испланирале, а сето тоа нема да може да го скриете, бидејќи вашиот замор и стрес ќе се гледаат од вашето лице.

КЛУЧОТ ЗА ПРЕКРАСНА И НЕЗАБОРАВНА НОВОГОДИШНА ЗАБАВА Е ВО ДОБРАТА ОРГАНИЗАЦИЈА ЗА ДА СЕ ФУНКИЦИОНИРА БЕЗПРЕКОРНО

ПРАЗНИЦИТЕ СЕ БЛИЖАТ !

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ







No comments:

Post a Comment