МАЛИ ТРИКОВИ ЗА СОВРШЕН ПОГЛЕД
Шминкањето претставува вистинска уметност. Шминката е магична и доколку правилно се нанесува дава неверојатни разултати, но при тоа треба да се внимава на следните нешта :
- треба да разубави
- да се внимава на облеката
- да биде во склад со фризурата
- да се води сметка за карактеристиките на личноста
При изборот на сенки за очи треба да ги изберете оние кои најдобро ви прилегаат на бојата на вашите очи и на тенот. Сенките во прав се едноставни за нанесување, тие не се размачкуваат и не се собираат на очните капаци. За да имате совршен поглед искористете ги овие мали совети за тоа како да ја нанесете сенката.
- светлата сенка нанесете ја во внатрешниот дел на капакот
- темна нијанса ставете на надворешниот дел на окото, а потоа со мека четкичка спојте ги тие две нијанси и ќе добиете благ, многу природен спој
- доколку сакате да го отворите окото, под веѓите нанесете малку светла сенка и ќе го постигнете посакуваното
- за дневна шминка внимателно дозирајте ја сенката на тој дел од окото, додека за вечерна варијанта можете да додадете малку појака нијанса
- пред да купите одредена сенка проверете како таа реагира на вашата кожа, а предност дадете на пудрестите сенки, а не на масните.Ако изберете сенка со свиленкаста текстура и дискретен сјај, лесно ќе постигнете вистински софистициран поглед.
"УБАВИНАТА Е ТОЛКУ ЧУДЕН ФЕНОМЕН, ЗАШТО ДЕНЕС И ГРДАТА ЖЕНА, НА ПРИМЕР, ПРЕКУ НОЌ МОЖЕ ДА СТАНЕ УБАВА".
- ПИКАСО -
ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !
ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ
No comments:
Post a Comment