РАЗУБАВЕТЕ ГО АМБИЕНТОТ ВО ДОМОТ ЗА
НОВОГОДИШНИТЕ ПРАЗНИЦИ !
За да се чувствувате пријатно и празнично изработете новогодишни украси кои ќе го разубават новогодишниот амбиент. Најлесно е да се отиде во продавница и да се купи сето она што ни се допаѓа, особено кога има се што ќе се посака : украси, куклички, панделки и др., но да се изработи нешто, особено со децата, создава чувство на задоволство и заедништво. Со тоа и ќе заштедите, а воедно целото семејство ќе ја почувствува празничната атмосфера.

ЕВЕ НЕКОЛКУ МАЛИ СОВЕТИ КАКО ДА ГО НАПРАВИТЕ ТОА
- Новогодишен свеќник : 4 црвени свеќи, бршлен, гранчиња од елка и други додатоци по желба. Само толку треба за да направите идиличен новогодишен свеќник.
- Новогодишна икебана : Потребен ви е еколошки материјал, суви гранчиња и мов. Во средината на квадратестиот аранжман ставете голема свеќа со боја по желба, а околу неа наредете суви ливчиња и гранчиња. Дополнете со светлорозови цветчиња и вилинска коса. Вештачкиот снег го заокружува одличниот изглед на аранжманот.
- Новогодишна елкичка : Потребна ви е една мала празна елкичка која вие ќе ја декорирате со мали украсни лампиони, шишарки, машнички, вештачки снег и др. Оваа мала новогодишна елкичка одлично би се вклопила во некој агол од вашиот дом, ставена на мала масичка.
- Божиќни честитки : Вратата може да ја украсите со божиќни честитки. Обесете ги на украсни врвки, дополнително украсени со панделки.
- Зеленило на маса : Започнете да собирате шишарки, а потоа искористете ги за украсување на свечената маса. Обојте неколку со сребрена или со бела боја, а за да се задржи природниот тон, земете неколку портокали и лимуни и украсете ги со звездички.
- Светилки за масата : Наместо да ставате свечен чаршаф, можете масата да ја прекриете со многу светилки во мрежа, па со тоа ќе се создаде прекрасна новогодишна атмосфера.
ПРАЗНИЦИТЕ СЕ БЛИЖАТ !
ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !
ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ
No comments:
Post a Comment