ПОДГОТВЕТЕ ВКУСНО ЗАПЕЧЕНО БЕЛО МИСИРКИНО МЕСО, СО
МИРИЗЛИВИ БИЛКИ !
СОСТОЈКИ
400-500 гр. мисиркино бело месо, 1,5 лажица брашно, сол, црн пипер, путер или маргарин, масло, 2 дл. кисела павлака и повеќе сечкани миризливи билки ( магдонос, целер, мајчина душица, нане и др. според вкусот ).
ПОДГОТОВКА
Белото месо од мисирка се сече на потенки шницли. Се посолуваат, се набрашнуваат и се пржат во врело масло ( половина путер, половина масло ). Прженото месо се чува на топло место, а во маснотијата се додава остатокот од брашното измешано во павлаката и се вари сос. Тој постојано се меша за да се одлепи талогот од месото што се пржеше. Во ова се додаваат исечкани миризливи билки и се остава да прокрчка. Прженото месо се реди во огноотпорен сад, се прелива со сосот, се додава црн пипер и се запечува во рерна.
ДОБАР АПЕТИТ !
НЕ ЧЕКАЈТЕ !
ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ
No comments:
Post a Comment