Thursday, December 12, 2013

КАКО ДА ПОДГОТВИТЕ ПОЛНЕТИ ТЕЛЕШКИ ГРАДИ ?



ПОДГОТВЕТЕ ВКУСНИ ПОЛНЕТИ ТЕЛЕШКИ ГРАДИ
 
Новогодишните празници се ближат, а вие сеуште не сте одлучиле што ќе се најде на вашето мени. Полнети телешки гради е свечено главно јадење кое ви го предлагаме.

СОСТОЈКИ

1 кг. телешко месо од градите, 2 парчиња бајат бел леб, 2 јајца, магдонос, млеко, 2 лажици презла, масло и сол.


ПОДГОТОВКА

Телешкото месо малку се обарува колку да може полесно да се отстранат ребрата.  Лебот се натопува со млеко, добро се цеди, се додава половина лажица масло. 2 лажици презла, 1 лажица млеко, 2 јајца, сол, сецкан магдонос. Се добро се меша и со таа смеса се полнат празнините каде што се извадени ребрата. Потоа градите се посолуваат, се премачкуваат со масло и се печат. За време на печењето често се преливаат со сокот од печењето. Печените гради се сечат на убави парчиња и се служат со зелена салата, а како додаток може да се послужи и пржен компир или барен грашок прелиен со путер и ситно сецкан магдонос.


ДОБАР АПЕТИТ !

ПРАЗНИЦИТЕ СЕ БЛИЖАТ !

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ


No comments:

Post a Comment