Friday, December 6, 2013

КАКО ДА ЈА ИЗБЕРЕТЕ ВИСТИНСКАТА ЧАША ЗА СЕКОЕ ВИНО ?



ИЗБЕРЕТЕ ЈА ВИСТИНСКАТА ЧАША ЗА СЕКОЕ ВИНО И МАКСИМАЛНО УЖИВАЈТЕ ВО ВКУСОТ И АРОМАТА НА ВИНОТО !


За да максимално уживате во вкусот на виното неопходно е тоа да го правите во специјално дизајнирани чаши. Тие се дизајнирани така да можете да го почувствувате вкусот и аромата. Пиењето вино е вистинска уметност. Големината и обликот на чашата немаат само естетска вредност, туку доплолнително го зголемуваат задоволството.

Виното се служи во чаша со долга дршка заради полесно нишање, со што се ослободува мирисот, кој е многу битен . Долгата дршка спречува да се стопли виното од рацете. За да го  почувствувате мирисот на виното добро е да имате чаша со големо дно, за да на дното има повеќе вино ,а аромата ќе биде во потесниот дел. Значи не е сеедно од каква чаша конзумирате вино, бидејќи две исти вина може да ви пружат различно задоволство само поради тоа од каква чаша ги конзумирате.


ЕВЕ НЕКОЛКУ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ЧАШИТЕ
  • чаша за шампањско : издолжена, висока, заоблена, со висока дршка
  • чаша за десертно вино : обликот може да биде различен, па дури и четвртест, но со ниска дршка
  • чаша за бело вино : стаклена во облик на лале, дршка со средна големина
  • чаша за црно вино : има ист облик како таа за бело вино, но е малку поголема


ПРАЗНИЦИТЕ СЕ БЛИЖАТ !

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ






No comments:

Post a Comment