ИЗГОВОРИ КОИ ШТО ЛУЃЕТО ГИ КОРИСТАТ ЗА ДА ЈА ОПРАВДААТ СВОЈАТА ПАСИВНОСТ
- Јас неможам тоа да го направам !
Овие зборови кои си ги кажувате постојано себе си и на другите како изговор дека нешто не сте во состојба да направите постојано одекнуваат во вашите мисли. Обидете се да ги потиснете овие мисли и тргнете напред кон целта. Вистина е дека вашите сомнежи можат да изградат препреки големи како планини, но вашата самодоверба е таа која што може и сигурно ќе ги помести тие планини. Од вас зависи во што ќе верувате.
2. Сакате нешто да промените , сте си замислиле што сакате, но тоа не е доволно.
Треба да направите план како тоа што сте го замислиле да го остварите. Вашата желба и замисла не се доволни за остварување на целта. Се додека вие ја одложувате реализацијата на вашите замисли , вие ќе чувствувате се поголем страв од неуспех. За постигнување на целта потребна е добра организација , акција и реализација.
3. Следен изговор кој што луѓето го користат како оправдување е тоа дека тоа што ќе го преземат ќе го започнат утре.
Колку пати сте си го кажале ова дека ќе стартувате утре?
За да направите напредок во својот личен развој потребно е првиот чекор кон промена да започне денес. Денес е вистинското време за промени !
Активните луѓе своите успеси ги прават денес додека пасивните секогаш мислат дека утре некако е подобро време за почеток.
4. Изговор е и тоа дека не се чувствувате доволно спремни за акција.
За да го постигнете ова чувство на спремност исто така треба да започнете со акција ДЕНЕС. Не дозволувајте да ве надвладее чувство на несигурност.
5. Изговор е и тоа дека подобро е да ја прекинете работата на почетокот додека не сте направиле поголема штета.
Понекогаш некои луѓе не се ни свесни дека се на само еден чекор до успехот, но тие заради одредени стравови од неуспех се откажуваат токму пред целта.
Сите луѓе секојдневно доживуваат поголеми или помали неуспеси, но успеваат да опстојат на патот кон успехот само оние упорните кои што не се откажуваат при првата препрека на патот. Значи упорноста е излез од оваа состојба.
6. Изговор е и тоа дека веќе е предоцна за се !
Ова едноставно не е точно ! Никогаш не е доцна да направите нешто кое што позитивно ќе влијае на вас. Не постои лошо или добро време за почеток. Секое време е вистинско време за промени. Потребно е да имате силна желба за промени, да ги зацртате вашите цели кон кои ќе се движите во согласност со вашите реални прилики и да остварите акција и реализација.
Само на овој начин без разлика на тоа во кое животно доба се наоѓате вие вашиот личен развој и успех можете да го движите во правец на исполнување на вашите желби. Со тоа вашиот живот ќе биде исполнет, а вие ќе чувствувате задоволство и среќа.
ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !
ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ