Monday, March 31, 2014

КАКО ДА НАПРАВИТЕ ЗДРАВА И ЛЕКОВИТА САЛАТА ОД СПАНАЌ ?



ЗДРАВА И ЛЕКОВИТА САЛАТА ОД СПАНАЌ

ПОДГОТОВКА

Младите листови од спанаќ зачинете ги со доволно исецкан лук, сок од лимун и маслиново масло, а може да се прелее и со јогурт.
Оваа салата особено се препорачува за ученици, студенти и умните работници.

Спанаќот се наоѓа на врвот на листата на намирници, заедно со останатите зелени лиснати зеленчуци, кои највеќе ги конзумираат оние кои не заболуваат од рак. Најдобро е да се јаде сиров во вид на салата или делумно зготвен, бидејќи на тој начин не ги губи своите антиоксидантни својства.

КАКО СПАНАЌОТ МОЖЕ ДА ВИ ГО ПОДОБРИ РАСПОЛОЖЕНИЕТО ?

ДОБАР АПЕТИТ !

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ




КАКО ДА НАПРАВИТЕ ТОПЛА ЧОКОЛАДА ?



ТОПЛА ЧОКОЛАДА


ПОДГОТОВКА

Истопете 2 штангли чоколадо на тивок оган. Постепено налевајте по малку млеко, непрестајно мешајќи, додека не се потроши половина литар млеко. По желба, може да се додаде малку ванилин шеќер.


ДОБАР АПЕТИТ !

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ



КАКО ДА НАПРАВИТЕ КАРАМЕЛИЗИРАНО МЛЕКО ?



КАРАМЕЛ МЛЕКО



ПОДГОТОВКА

Во сад од литар ставете 3 лажици шеќер и загревајте на оган. Кога шеќерот ќе почне да се топи мешајте постојана за да не загори. Откако се ќе се истопи и добие светлосмеѓа боја, сипете половина литар млеко и оставете карамелизираниот шеќер да се истопи.


ДОБАР АПЕТИТ !

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПФРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ





КАКО ДА НАПРАВИТЕ ДОМАШНО КИСЕЛО МЛЕКО ?



ДОМАШНО КИСЕЛО МЛЕКО


ПОДГОТОВКА

Сварете литар млеко, оладете го да биде млако, замешајте филџанче купечко кисело млеко, добро промешајте и покријте со чиста крпа. Држете го на топло место ( може во млака рерна ) неколку часа. Откако млекото ќе се закисели ставете го во сад и до употребата држете го во фрижидер.


ДОБАР АПЕТИТ !

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ


КАКО ДА НАПРАВИТЕ ДОМАШЕН ЈОГУРТ ?



ДОМАШЕН ЈОГУРТ


ПОДГОТОВКА

Сварете литар млеко, оладете го да биде умерено топло, па додадете 3 лажици купен јогурт. Измешајте, поклопете и оставете на топло место 3-4 часа, да се закисели. Закиселениот јогурт изматете го, а потоа ставете го во фрижидер да се разлади.


ДОБАР АПЕТИТ !

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ


Wednesday, March 26, 2014

КАКО ДА НАПРАВИТЕ БЕШАМЕЛ СОС ?



БЕШАМЕЛ СОС

СОСТОЈКИ

1/2 млеко, 35 гр. путер, 35 гр. брашно, 10 гр. сол, бибер и морско оревче.
 

ПОДГОТОВКА

Растопувајте го путерот на тивок оган. Се трга садот од оган и се става цело брашно. Се меша со дрвена лажица да се добие воедначена маса. Се враќа садот на оган непрестајно мешајќи со дрвената лажица додека не проврие. Повторно се трга садот од оган, па се сипа цело ладно млеко одеднаш и со жица се се мати. Се враќа повторно садот и се остава да проврие со непрестајно мешање. Кога ќе проврие се намалува огнот. Се додава сол, бибер и оревчиња. Се остава сосот да се вари уште една минута на тивок оган. Може во топлиот сос да се додаде малку путер.


ДОБАР АПЕТИТ !

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ





Tuesday, March 25, 2014

КАКО ДА НАПРАВИТЕ ТАРТ СО СИРЕЊЕ И СПАНАЌ ?



НАПРАВЕТЕ ВКУСЕН ТАРТ СО СИРЕЊЕ И СПАНАЌ
( ЗА 6 ЛИЦА )

СОСТОЈКИ

250 гр. тесто КАКО СЕ ПРАВИ СОЛЕНО ИЛИ СЛАТКО ТАРТ ТЕСТО ? , 100 гр. јако сирење, 100 гр. спанаќ или блитва, 200 гр. павлака, 100 гр. рендан ементалер или гауда, 1 јајце и малку рендани оревчиња.

ВО ФРАНЦУСКАТА КУЈНА МНОГУ Е ПОПУЛАРНО ТЕСТОТО ТАРТ. СЕ КОРИСТИ КАКО СОЛЕНО ИЛИ СЛАТКО. ТАРТОТ ОДЛИЧНО СЕ ВКЛОПУВА КАКО ПРЕДЈАДЕЊЕ, ГЛАВНО ЈАДЕЊЕ ИЛИ ДЕСЕРТ.

 ПОДГОТОВКА

Вклучете ја рерната. Спанаќот ставете го 30 секунди во голема количина вода што врие, а потоа процедете. Плехот обложете го со тесто и иситнете го сирењето по целата површина на тестото. Јајцето ставете го во сад за матење и додадете ја павлаката. Изматете со вилушка ( претходно додадете сол, бибер, оревчињата рендани и рендано сирење). Спанаќот крупно исечете го и додадете го во филот. Се прелејте преку тестото и печете околу 35 минути.


ДОБАР АПЕТИТ !

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ





Sunday, March 23, 2014

КАКО ДА НАПРАВИТЕ МАСЛО ОД КАМИЛИЦА ЗА ЛИЦЕ ?


МАСЛО ОД КАМИЛИЦА ЗА ЛИЦЕ


1 dkg. цвет од камилица се става во литар зејтин и се вари на пареа 3 часа, па се процедува. Со ова масло мачкајте го лицето наместо крем.

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ


Saturday, March 22, 2014

КАКО ДА ГО ОСВЕЖИТЕ И ПОДМЛАДИТЕ ВАШЕТО ЛИЦЕ?


ТРЕТМАН ЗА ОСВЕЖУВАЊЕ И ПОДМЛАДУВАЊЕ НА ЛИЦЕ

 ОСВЕЖУВАЊЕ

1 лажица пченкарно брашно се меша со жолчка. Се држи 20 минути, па се мие со камилица.

ПОДМЛАДУВАЊЕ 

20 гр. пивски квасец се меша со 2 лажици вода. Лицето се масира 3 минути, па се остава да се исуши. Се мие со млака вода.

 

НЕЖНИ ОБРАЗИ

1 сиров компир се сече на кругови, па се редат на лицето. По 20 минути се мие лицето и се брише со тоник.

 ЧИСТ ТЕН

Магдонос се става во вода 24 часа и со течноста се мие лицето.


ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ


КАКО ДА ИСЧЕЗНЕ УМОРОТ ОД ВАШЕТО ЛИЦЕ ?



ТРЕТМАН ЗА УМОРНО ЛИЦЕ


Две лажички цвет од лаванда се потопуваат во шољичка со вода. Се држи поклопено 2 часа, па се процедува. Се натопуваат две вати и се ставаат на лице 30 минути.


ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ





КАКО ДА СЕ СПРАВИТЕ СО РАСЦВЕТАНА КОСА ?



ТРЕТМАН ЗА РАСЦВЕТАНА КОСА


Навечер пред спиење темето се масира со рицинус масло, косата се чешла и се замотува во топол пешкир, па се преспива. Наредниот ден се мие. Истата постапка се повторува секој 7 дена. Се препорачува шишање за време на млад месец за да расте поубаво и да не цвета.


ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ





КАКО ДА НАПРАВИТЕ МАСКА ЗА СВЕЖ ИЗГЛЕД ?



МАСКА ОД ПИВСКИ КВАСЕЦ ЗА РУМЕНИ ОБРАЗИ И СВЕЖ ИЗГЛЕД


Со пивскиот квасец може да се подготви маска, со дејство слично на дејството на брзата прошетка по чист воздух-румени образи и свеж изглед.
Еден дел пивски квасец се меша со два дела топла вода. Смесата се нанесува на лицето тапкајќи ја со врвовите на прстите. По одмор од 15 минути маската се мие со топла камилица.
Оваа маска може да биде пресилна за многу сува кожа. Во тој случај може да се ублажи со малку маслиново масло или пченични никулци.


ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ





КАКО ДА НАПРАВИТЕ МАСКА ОД МОРСКИ АЛГИ ?



НАПРАВЕТЕ МАСКА ОД МОРСКИ АЛГИ ЗА СИТЕ ТИПОВИ КОЖА



Морските алги делуваат лековито и секако, престојот на море треба да се искористи целото тело да се прекрие со алги, што се оставаат да делуваат се додека не се исушат. Меѓутоа, од сушените алги ( доколку можат да се обезбедат ) може да се направи и маска : алгите се мелат и се мешаат со малку вода и неколку капки бадемово масло. Маската е корисна за сите видови кожа, бидејќи ја храни, ја забрзува циркулацијата и ја освежува и подмладува кожата.

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ


Friday, March 21, 2014

КАКО ДА ЈА ПОДМЛАДИТЕ КОЖАТА НА ТЕЛОТО ?


МАЛИ СОВЕТИ КАКО ДА ЈА ПОДМЛАДИТЕ ВАШАТА КОЖА


За подмладување во водата за капење треба да се додаде едно филџанче фино мелено овесно брашно или мешавина на овесно брашно и корен на перуника во прав. Брашното може да се стави и во мала платнена кесичка со која се трие кожата за време на капењето.

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ ! 

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ



КАКО ДА СЕ ОСЛОБОДИТЕ ОД ПЕГИТЕ ?


ЛЕК ЗА ПЕГИ


Преку ден да се мачка лицето со антипиринска маст ( од аптека ). Повремено може да се ставаат ладни облоги од чај од камилица и да се пијат 2 x 1 таблети на ден bandosten-calcium-forte. Повремено лицето да се мачка и со diprogent крем.

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ


КАКО ДА СЕ ОСЛОБОДИТЕ ОД ПЕТНАТА И ДАМКИТЕ НА ЛИЦЕТО ?



КАЖЕТЕ ЗБОГУМ НА ПЕТНАТА И ДАМКИТЕ НА ЛИЦЕТО


Петната и дамките од лицето можат да избледат, а за потемелен и траен успех треба неколку пати да се повтори следниот третман. Свежа црна трупка се ренда во чаша јогурт и се остава да стои цела ноќ. Смесата се процедува низ крпа и со таа течност се мачка кожата на лицето или рацете. По 10 минути кожата добро се мие со млака вода.

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ

 

КАКО ДА ГИ НЕГУВАТЕ ВАШИТЕ НОЗЕ ?



МАЛИ СОВЕТИ ЗА НЕГА НА ВАШИТЕ НОЗЕ



Наизменично се квасат во топла, па во ладна вода за зацврстување на епидермот и активирање на циркулацијата. Се тријат силно со фротир. Ако се чувствува умор прво се држат во топла вода со морска сол, а потоа во студена вода, па се тријат со алкохол и се мачкаат со масен крем. За отстранување на тврдите и груби слоеви на кожата употребувајте го досега ненадминатото ефикасно средство, глицерин помешан со сок од лимун. Нанесувањето на глицеринот со сокот од лимун најдобро е да го правите навечер пред спиење. На овој начин вашите нозе ќе ја добијат соодветната нега и нема повеќе да чувствувате замор во нозете.


ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ

 

КАКО ДА ГИ НЕГУВАТЕ ВАШИТЕ ИСПУКАНИ РАЦЕ ?



НЕГА ЗА ИСПУКАНИ РАЦЕ



МАЛ СОВЕТ КАКО ДА ГИ НЕГУВАТЕ ИСПУКАНИТЕ РАЦЕ

За да вашите раце бидат меки, нежни и добро негувани потребно е испуканите раце да се држат секоја вечер во топло млеко и по секое миење да се истријат со овошна киселина.

Груба кожа на лактите се омекнува со топла вода, се трие со груб сунѓер и се мачка со масен крем. Исто така лактите треба да се мачкаат и со глицерин помешан со сок од лимун. На овој начин ќе спречите таложење на груби и тврди слоеви на кожата.

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ


КАКО ДА ИМАТЕ ЦВРСТИ НОКТИ ?



МАЛ СОВЕТ ЗА ЦВРСТИ НОКТИ


За да имате цврсти нокти потребно е 10 минути да ги држите во чај од камилица, а потоа ноктите да се тријат со мешавина од една лажичка изматена жолчка, бадемово масло и мед. Се остава цела вечер на ноктите. 

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ


Thursday, March 20, 2014

КАКО ДА ИМАТЕ БЕЛИ И СЈАЈНИ ЗАБИ ?



БЕЛИ И СЈАЈНИ ЗАБИ ЗА БЛЕСКАВА НАСМЕВКА


Покрај редовното миење на забите со паста за заби и редовна посета на стоматолог за блескава насмевка се препорачува миење на забите и со сода бикарбона. Еднаш или два пати неделно, наместо паста за заби употребете сода бикарбона и со неа добро истријте ги забите. На тој начин ќе го отстраните наталожениот забен каменец, а забите ќе ви бидат бели и сјајни.

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ


КАКО ДА СЕ СПРАВИТЕ СО ПОТЕЊЕТО ?



КАКО ПРОТИВ ПОТЕЊЕТО ?


Еден од најчестите лоши ефекти од топлите денови е потењето. Вистина тоа лесно се решава со употреба на дезодоранси, но може да се реши и на друг едноставен и поефтин начин. Ефикасно средство против потење е сода бикарбона. Доволно е наутро, после туширањето или миењето, додека сеуште пазувите се влажни или помеѓу прстите на нозете да втриете малку сода бикарбона и преку целиот ден ќе бидете заштитени од прекумерното потење и непријатни мириси.

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ


Monday, March 17, 2014

КАКО ДА ПОСТИГНЕТЕ ЕФЕКТ НА ПРОЗРАЧНОСТ ?



ПРОЗРАЧНОСТ


По нанесување на пудра се добива впечаток на густина. За да се постигне прозрачност доволно е да се накваси шминката. 
Се зема навлажнето парче вата и се тампонира внимателно цело лице без триење. Со хартиена марамица се впива остатокот од водата. Ватата и хартиената марамица треба да бидат потполно чисти.
Ова се препорачува на лица кои се склони кон потење.
Истиот резултат се постигнува, ако ватата се замени со коцка мраз.

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ


Friday, March 14, 2014

КАКО ДА НАПРАВИТЕ ТАРТ СО ПЕЧУРКИ ?


НАПРАВЕТЕ ВКУСЕН ТАРТ СО ПЕЧУРКИ

СОСТОЈКИ
( за 6 лица )

250 гр. тесто Како се прави солено или слатко ТАРТ тесто ? , 250 гр. печурки буковки, 1 јајце + 1 жолчка, 75 гр. павлака, 1 дл. млеко, 60 гр. шунка, 2 праз, 25 гр. путер, сол и бибер.

  ВО ФРАНЦУСКАТА КУЈНА МНОГУ Е ПОПУЛАРНО ТЕСТОТО ТАРТ. СЕ КОРИСТИ КАКО СОЛЕНО ИЛИ СЛАТКО. ТАРТОТ ОДЛИЧНО СЕ ВКЛОПУВА КАКО ПРЕДЈАДЕЊЕ, ГЛАВНО ЈАДЕЊЕ ИЛИ ДЕСЕРТ.

ПОДГОТОВКА

Вклучете ја рерната. Со тестото обложете го плехот. Исчистете го празот и ситно исецкајте го. Шунката исто така ситно исецкајте ја, измијте ги печурките и исечете ги на тенки кругови.
Стопете го путерот, додадете го празот, шунката и печурките и динстајте на тивок оган постојано мешајќи, додека сета течност не испари.
Јајцата, млекото и павлаката ставете ги во сад и матете со вилушка. Помешајте со филот од печурки, тргнете од оган и уште малку мешајте. Сипете преку тестото.
Ставете во рерна и печете околу 35 минути.


ДОБАР АПЕТИТ

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ





Tuesday, March 11, 2014

КАКО ДА НАПРАВИТЕ ПОСНИ ТОПЧИЊА ?



ПОСНИ ТОПЧИЊА

СОСТОЈКИ

4 филџани масло, 2 филџана топла вода, 1 пециво, 2 ванилин шеќер, 500 гр. брашно, мармалад, малку ореви и 250 гр. шеќер во прав.


ПОДГОТОВКА

Се замесува брашното со маслото, топлата вода, пецивото. Се обликуваат топчиња и во секое се става малку мармалад или јатка орев и се ставаат во подмачкан плех да се печат. Кога ќе бидат готови се валкаат во шеќер во прав, во кој претходно сте ставиле ванила.


ДОБАР АПЕТИТ

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ


Monday, March 10, 2014

КАКО ДА НАПРАВИТЕ ПОСЕН РОЛАТ ОД ЛОКУМ ?



ПОСЕН РОЛАТ ОД ЛОКУМ

СОСТОЈКИ

1/2 кг. свеж локум, 1/2 кг. шеќер во прав, 200 гр. мелени ореви, 4 лажици какао, 100 гр. шеќер кристал.


ПОДГОТОВКА

Локумот и шеќерот во прав се меси добро и се дели на два дела. Секој се развлекува во кора во вид на правоаголник, се филува и се витка како ролат.
ФИЛ : мелените ореви и какаото се мешаат со претходно направениот шербет од 100 гр. шеќер кристал и малку вода.

ДОБАР АПЕТИТ

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ


КАКО ДА НАПРАВИТЕ ПОСНА ВИТКАНА БАКЛАВА ?



ПОСНА ВИТКАНА БАКЛАВА

СОСТОЈКИ

1 кг. кори за баклава, 500 гр. ореви, 7 лажици гриз, ванилин шеќер, масло по потреба.


ПОДГОТОВКА

1/2 л. вода се вари со 7 лажици гриз и 7 лажици шеќер. Кога ќе биде готово се додаваат 500 гр. ореви сецкани и една кесичка ванилин шеќер, па сето тоа убаво се меша. Со овој фил се премачкуваат по 4 кори и се виткаат во ролат. Пред печење ролатите се сечат на парчиња. Се пече на тивок оган. Кога ќе бидат готови ролатите се попаруваат со шербет, претходно направен од 1 кг. шеќер и вода колку да се покрие шеќерот.

ДОБАР АПЕТИТ

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ


Friday, March 7, 2014

КАКО ДА ГИ ОТКРИЕТЕ 7-ТЕ ТАЈНИ НА СРЕЌНИТЕ ЖЕНИ?


ДОЗНАЈТЕ ГИ 7-ТЕ ТАЈНИ НА СРЕЌНИТЕ ЖЕНИ ?

За среќа се потребни мали нешта. Понекогаш малите нешта, можат да ви го променат животот засекогаш. Чувството на среќа  е субјективно и е поврзано со степенот на задоволство кој го чувствуваме во одреден момент . За да бидеме среќни потребно е често да ги повторуваме задоволствата. Многумина од нас бараат среќа и задоволство надвор од себе, а вистинскиот извор на среќа е всушност во нас самите, па затоа е потребно секој да го пронајде својот извор на среќа.
Во продолжение ќе ви ги откриеме 7-те тајни на среќните жени кои се од советодавен карактер, а на вам останува да размислите и да откриете кој е вашиот извор на среќа.


 7-ТЕ ТАЈНИ НА СРЕЌНИТЕ ЖЕНИ
  1. Тие шират среќни мисли, бидејќи и најголемата несреќа на оптимистот е поголема среќа од најголемата среќа на песимистот. Никогаш не се плашете да покажете која сте, бидејќи се дури сте среќни со себе си, ничие мислење не е важно.
  2. Тие се горди на себе си. Затоа бидете горди на себе си за секој постигнат успех. На пр. сте загубиле некој килиграм, сте вежбале во теретана итн., честитајте си и бидете горди, но внимавајте да не ја поминете тенката линија помеѓу авто-честитката и безсрамната себепромоција.
  3. Тие ги будат своите сетила, па разбудете ги и вие своите. На пр. со спа бања, морска сол, фини сензитивни парфеми и се она што може да влијае на вашите сетила.
  4. Тие прават анализа и споредба на позитивните искуства, а од негативните искуства извлекуваат поука.
  5. Тие ги апсорбираат сите радосни животни моменти и не дозволуваат да ги пропуштат или да бидат неми посматрачи додека се случуваат во нивна околина. Некои од тие радосни моменти можете да ги создадете сами, на пр. да уживате во звуците на омилената музика, да уживате читајќи ја омилената книга, да го изгледате омилениот филм сами или во друштво, да правите нешто креативно, хоби, да организирате викенд во природа итн.
  6. Тие ги избегнуваат негативните мисли, па избегнувајте ги и вие. Доволно е и малку негативни мисли и да се уништи, односно да се потисне уживањето во малите нешта и во одреден момент да започнете да се себе обвинувате и да се грижите за перцепциите на другите и нивното искажано или неискажано мнение за вас.
  7. Тие се благодарни и го ценат она што веќе го имаат. Затоа секогаш заблагодарете се на пријател, на непознат, на Бога, тоа ќе го продлабочи вашето чувство за среќа. Имајте на ум дека среќата никогаш не доаѓа кај оние кои не се благодарни и не го ценат она што веќе го имаат.


НЕ ВИ Е ПОТРЕБЕН КЛУЧ ЗА СРЕЌА, БИДЕЈЌИ ВРАТАТА НА СРЕЌАТА СЕКОГАШ Е ОТВОРЕНА !


ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ


Monday, March 3, 2014

КАКО ДА НАПРАВИТЕ МАСКА ОД ПРАСКА ?



НАПРАВЕТЕ МАСКА ОД ПРАСКА ЗА СУВА И ДЕХИДРИРАНА КОЖА !


Ова е одлична маска за сува, а посебно за дехидрирана кожа. Ако кожата нема доволно влага, тогаш е дехидрирана. Значи, и масната кожа може да биде дехидрирана, ако од одредени причини загубила поголема количина влага, односно сувата кожа не мора да биде дехидрирана, ако влажноста е сочувана.
Праската е богата со витамините А, Б, Ц и П, јаглени хидрати, протеини, железо и калциум.


ПОДГОТОВКА 

На зрелата праска да и се излушти лушпата, потоа праската да се пропасира и да се додаде маслиново масло.

Со оваа одлична маска вашето лице ќе ја поврати влажноста и свежината, а вие ќе бидете задоволни од крајниот ефект.

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ



КАКО ДА НАПРАВИТЕ МАСКА ОД ЛЕШНИЦИ ?



НАПРАВЕТЕ МАСКА ОД ЛЕШНИЦИ ЗА СУВА И УМОРНА КОЖА !

Маската од лешници е особено добра за сува и уморна кожа.
Лешниците се извонредно богати со маснотии, витамини, А, Б и Е, а содржи и значајни белковини.



ПОДГОТОВКА

Две лажици мелени лешници помешајте ги со две лажици слатка павлака, па така добиената смеса нанесете ја на лицето. Маската се испира со чај од нане.

Со помош на оваа природна маска вашата сува и уморна кожа ќе добие живост и ќе го добие потребниот сјај.


ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ





КАКО ДА НАПРАВИТЕ МАСКА ОД ОРЕВИ ?



НАПРАВЕТЕ МАСКА ОД ОРЕВИ ЗА ДЕХИДРИРАНА КОЖА

Доколку вашата кожа е дехидрирана, тогаш вистинското решение за вас е маската од ореви.

Оревите содржат калциум, магнезиум, железо, бакар, цинк како и голем процент маснотии.

ПОДГОТОВКА

Две лажици мелени ореви помешајте со две лажици несварено млеко и малку сок од портокал.

Со маската од ореви вашата кожа ќе ја добие потребната влажност, мекост и глаткост, а вашето лице ќе блеска.

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ