Friday, March 7, 2014

КАКО ДА ГИ ОТКРИЕТЕ 7-ТЕ ТАЈНИ НА СРЕЌНИТЕ ЖЕНИ?


ДОЗНАЈТЕ ГИ 7-ТЕ ТАЈНИ НА СРЕЌНИТЕ ЖЕНИ ?

За среќа се потребни мали нешта. Понекогаш малите нешта, можат да ви го променат животот засекогаш. Чувството на среќа  е субјективно и е поврзано со степенот на задоволство кој го чувствуваме во одреден момент . За да бидеме среќни потребно е често да ги повторуваме задоволствата. Многумина од нас бараат среќа и задоволство надвор од себе, а вистинскиот извор на среќа е всушност во нас самите, па затоа е потребно секој да го пронајде својот извор на среќа.
Во продолжение ќе ви ги откриеме 7-те тајни на среќните жени кои се од советодавен карактер, а на вам останува да размислите и да откриете кој е вашиот извор на среќа.


 7-ТЕ ТАЈНИ НА СРЕЌНИТЕ ЖЕНИ
  1. Тие шират среќни мисли, бидејќи и најголемата несреќа на оптимистот е поголема среќа од најголемата среќа на песимистот. Никогаш не се плашете да покажете која сте, бидејќи се дури сте среќни со себе си, ничие мислење не е важно.
  2. Тие се горди на себе си. Затоа бидете горди на себе си за секој постигнат успех. На пр. сте загубиле некој килиграм, сте вежбале во теретана итн., честитајте си и бидете горди, но внимавајте да не ја поминете тенката линија помеѓу авто-честитката и безсрамната себепромоција.
  3. Тие ги будат своите сетила, па разбудете ги и вие своите. На пр. со спа бања, морска сол, фини сензитивни парфеми и се она што може да влијае на вашите сетила.
  4. Тие прават анализа и споредба на позитивните искуства, а од негативните искуства извлекуваат поука.
  5. Тие ги апсорбираат сите радосни животни моменти и не дозволуваат да ги пропуштат или да бидат неми посматрачи додека се случуваат во нивна околина. Некои од тие радосни моменти можете да ги создадете сами, на пр. да уживате во звуците на омилената музика, да уживате читајќи ја омилената книга, да го изгледате омилениот филм сами или во друштво, да правите нешто креативно, хоби, да организирате викенд во природа итн.
  6. Тие ги избегнуваат негативните мисли, па избегнувајте ги и вие. Доволно е и малку негативни мисли и да се уништи, односно да се потисне уживањето во малите нешта и во одреден момент да започнете да се себе обвинувате и да се грижите за перцепциите на другите и нивното искажано или неискажано мнение за вас.
  7. Тие се благодарни и го ценат она што веќе го имаат. Затоа секогаш заблагодарете се на пријател, на непознат, на Бога, тоа ќе го продлабочи вашето чувство за среќа. Имајте на ум дека среќата никогаш не доаѓа кај оние кои не се благодарни и не го ценат она што веќе го имаат.


НЕ ВИ Е ПОТРЕБЕН КЛУЧ ЗА СРЕЌА, БИДЕЈЌИ ВРАТАТА НА СРЕЌАТА СЕКОГАШ Е ОТВОРЕНА !


ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ


No comments:

Post a Comment