БЕШАМЕЛ СОС
СОСТОЈКИ
1/2 млеко, 35 гр. путер, 35 гр. брашно, 10 гр. сол, бибер и морско оревче.
ПОДГОТОВКА
Растопувајте го путерот на тивок оган. Се трга садот од оган и се става цело брашно. Се меша со дрвена лажица да се добие воедначена маса. Се враќа садот на оган непрестајно мешајќи со дрвената лажица додека не проврие. Повторно се трга садот од оган, па се сипа цело ладно млеко одеднаш и со жица се се мати. Се враќа повторно садот и се остава да проврие со непрестајно мешање. Кога ќе проврие се намалува огнот. Се додава сол, бибер и оревчиња. Се остава сосот да се вари уште една минута на тивок оган. Може во топлиот сос да се додаде малку путер.
ДОБАР АПЕТИТ !
ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !
ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ
No comments:
Post a Comment