НАПРАВЕТЕ ВКУСЕН ТАРТ СО ПЕЧУРКИ
СОСТОЈКИ
( за 6 лица )
250 гр. тесто Како се прави солено или слатко ТАРТ тесто ? , 250 гр. печурки буковки, 1 јајце + 1 жолчка, 75 гр. павлака, 1 дл. млеко, 60 гр. шунка, 2 праз, 25 гр. путер, сол и бибер.
ВО ФРАНЦУСКАТА КУЈНА МНОГУ Е ПОПУЛАРНО ТЕСТОТО ТАРТ. СЕ КОРИСТИ КАКО СОЛЕНО ИЛИ СЛАТКО. ТАРТОТ ОДЛИЧНО СЕ ВКЛОПУВА КАКО ПРЕДЈАДЕЊЕ, ГЛАВНО ЈАДЕЊЕ ИЛИ ДЕСЕРТ. |
ПОДГОТОВКА
Вклучете ја рерната. Со тестото обложете го плехот. Исчистете го празот и ситно исецкајте го. Шунката исто така ситно исецкајте ја, измијте ги печурките и исечете ги на тенки кругови.
Стопете го путерот, додадете го празот, шунката и печурките и динстајте на тивок оган постојано мешајќи, додека сета течност не испари.
Јајцата, млекото и павлаката ставете ги во сад и матете со вилушка. Помешајте со филот од печурки, тргнете од оган и уште малку мешајте. Сипете преку тестото.
Ставете во рерна и печете околу 35 минути.
ДОБАР АПЕТИТ
ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !
ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ
No comments:
Post a Comment