Wednesday, April 30, 2014

КАКО ДА НАПРАВИТЕ МОЦАРТ ТОПЧИЊА ?



МОЦАРТ ТОПЧИЊА

СОСТОЈКИ

50 гр. путер, 2 жолчки, 25 гр. шеќер во прав, 85 гр. какао, 175 гр. рендана чоколада за готвење, 175 гр. млечна чоколада.


ПОДГОТОВКА

Изматете ги путерот и жолчките со шеќерот во прав во светла пенеста смеса. Додадете го какаото и ренданата чоколада. Измесете ја смесата и од неа правете топчиња. Ставете ги во плех обложен со хартија за печење, а потоа држете ги во фрижидер половина час. 
Млечната чоколада растопете ја на пареа. Извадете ги топчињата од фрижидер, набоцкајте ги со чепкалки и ставајте ги во растопената млечна чоколада и неколку пати завртете ги во воздух да се изладат, а потоа вратете ги во плехот и внимателно извадете ги чепкалките. Кога сите топчиња ќе ги прекриете со чоколадата, ставете ги уште на половина час во фрижидер. 
Сервирајте ги во хартиени кошнички.


ДОБАР АПЕТИТ !

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ






КАКО ДА НАПРАВИТЕ МЛЕЧЕН ЛЕБ ЗА ДЕЦА ?



МЛЕЧЕН ЛЕБ ЗА ДЕЦА

СОСТОЈКИ

4 шољи брашно, малку сол, 1 лажичка шеќер, 1 лажичка сода бикарбона, 2 лажички пециво, 1 јајце, 1 1/2 шоља млеко.


ПОДГОТОВКА

Се се меша и се прави тесто. Се остава половина час да стои во подмачкан плех. Се пече во добро загреана рерна половина час.

Овој млечен леб е особено вкусен и е наменет за деца.


ДОБАР АПЕТИТ !

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ




Friday, April 18, 2014

КАКО ДА НАПРАВИТЕ САХЕР ТОРТА ?



САХЕР ТОРТА

СОСТОЈКИ

150 гр. путер, 150 гр. шеќер, 1 ванилин шеќер, 4 жолчки, 150 гр. чоколада, 250 гр. брашно, 1 1/2 лажичка пециво, 4 лажици млеко, 4 белки
ГЛАЗУРА : 150 гр. чоколада, 150 гр. путер, 2 лажици рум


ПОДГОТОВКА

Путерот со шеќерот, ванилин шеќерот и жолчките матете ги додека не се запенат. Во смесата ставете ја омекнатата чоколада. Брашното измешајте го со пецивото и постепено додавајте го на смесата со путерот. Употребете толку млеко за да може тестото тешко да се одделува од лажицата. На крај во смесата додадете го цврстиот снег од белките. Тестото печете го во намастено и со хартија обложено тавче бр. 24, 40-50 минути во загреана рерна на 200 степени.
За глазурата полека топете ја чоколадата, а откако ќе се стопи ставете ги путерот и румот. Оставете измешаната смеса малку да се излади, а потоа со неа филувајте ја изладената торта.


ДОБАР АПЕТИТ !

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ






КАКО ДА НАПРАВИТЕ ВЕЛИГДЕНСКИ ВЕНЕЦ СО ЛЕШНИЦИ ?



ВЕЛИГДЕНСКИ ВЕНЕЦ СО ЛЕШНИЦИ

СОСТОЈКИ

ЗА ТЕСТО : 500 гр. брашно, 1 кесичка сув квасец, 60 гр. шеќер, 250 мл. млако млеко, 60 гр. путер, 1 јајце, сол, рендана кора од лимон
ЗА ФИЛ : 300 гр. мелени лешници, 100 гр. суви кајсии, 80 гр. шеќер, 3 лажици рум
И УШТЕ : жолчка, лажица млеко, 2 лажици џем од кајсии


ПОДГОТОВКА

Брашното заедно со другите состојки помешајте го во поголем сад и замесете тесто. Потоа покријте го тестото и оставете го на топло место да стаса околу 30 минути.
Добро измешајте ги сите состојки за филот, па ако филот е премногу густ, додадете уште една лажица рум. Загрејте ја рерната на 180 степени.
Кога тестото ќе нарасне расучете го тестото на претходно посипано брашно. Исечете го на три ленти со должина од околу 60 цм. Подготвениот фил намачкајте го на тестото, а при тоа оставете еден крај слободен. Тестото роловајте го од подолгата страна, и добиените три ленти, исплетете ги во плетенка и обликувајте венец. Приготвениот венец ставете го во тавче обложено со масна хартија. Жолчката ставете ја во сад и помешајте ја со лажица млеко, а потоа со нив премачкајте го венецот. Потоа, ставете го да се пече 45 минути. Испечениот венец ставете го на решетка да се излади. Џемот загрејте го и испасирајте го, а потоа премачкајте го венецот. По желба, венецот можете да го украсите со шеќер во прав, кандирано овошје или вапцани велигденски јајца.


ДОБАР АПЕТИТ !

ЧЕСТИТ ВЕЛИГДЕН !


ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ







Thursday, April 17, 2014

КАКО ДА НАПРАВИТЕ ВЕЛИГДЕНСКИ АФИОНОВ ВЕНЕЦ ?



ВЕЛИГДЕНСКИ АФИОНОВ ВЕНЕЦ

СОСТОЈКИ

1 кг. брашно, 80 гр. квасец, 300 мл. млеко, 100 мл. кисела павлака, 100 мл. слатка павлака, 200 гр. путер, 100 гр. шеќер, 1 ванилин шеќер, 100 гр. афионово семе, 2 јајца, сол, 1 јајце за премачкување.


ПОДГОТОВКА

Во сад се замесува квасецот со 1 лажица шеќер, 1 лажица брашно, 1 дцл. млеко и се остава да стаса. Во сад се топи путерот, па стопениот путер се меша со преостанатото млеко, шеќерот, киселата павлака, слатката павлака, јајцата, ванилин шеќер и афионовото семе. Во поголем сад се става брашното, во средината се прави вдлабнатина во која се става стасаниот квасец и смесата со млекото, солта и сето тоа убаво се меси, се додека не се појават меурчиња. Потоа се остава да стасува приближно 40 минути. Стасаното тесто се премесува и се дели на три дела. Од секој дел се прават долгнавести форми и од нив се плете плетенка која потоа се обликува во венец. Плетенката се става во намастен и со брашно посипан плех и се премачкува со изматено јајце. Се пече во загреана рерна на 190 степени околу 50 минути.


ЧЕСТИТ ВЕЛИГДЕН !

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ


 

Wednesday, April 16, 2014

КАКО ДА ПОДГОТВИТЕ ВЕЛИГДЕНСКО ЈАГНЕШКО ?



ВЕЛИГДЕНСКО ЈАГНЕШКО

СОСТОЈКИ

2 кг. јагнешки бут, 100 мл. зејтин, 50 мл. сок од лимон, 2 лажици вегета, 3 чешниња лук, 1 лажичка оригано, рузмарин, бибер мелен. ЗА ПРИЛОГ : 2 кг. млад компир.


ПОДГОТОВКА

Јагнешкиот бут убаво измијте го, издвојте го месото од коската и малку исчукајте го со толчник за месо. Во сад измешајте ја вегетата, сокот од лимон, рузмаринот, биберот, ориганото и исечканиот лук, па со таа смеса премачкајте го месото. Потоа месото свиткајте го во ролат и прицврстете го со чепкалки. Во поголема тава загрејте зејтин, пропржете го ролатот од сите страни, а потоа ставете го во загреана рерна на 200 степени да се пече околу 2 часа. Во текот на печењето месото полевајте го со сосот од печењето и со топла вода. Пред крај, на месото додајте му го младиот компир, кој претходно сте го посолиле и сте ставиле бибер и допечете.
Печеното јагнешко исечете го на парчиња и послужете го со печениот компир и со млад кромид.


ДОБАР АПЕТИТ !

ЧЕСТИТ ВЕЛИГДЕН !

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ





КАКО ДА СЕ ХРАНИТЕ ПО ПОСТОТ ?


ИСХРАНА ПО ПОСТОТ

Наглиот премин од ригорозното постење кон јадење тешко сварлива храна може да предизвика несакани здравствени проблеми, предупредуваат нутриционистите.



Православните пости се духовна и световна традиција на христијаните. Православните и католичките пости се разликуваат по определбата што е посно, а што мрсно во исхраната. Католиците за време на постите не јадат месо и производи од месо, додека православните христијани, покрај ова постат и со сите производи од животинско потекло како што се јајцата, млекото и млечните производи, дури и риба. Понекогаш конзумираат само овошје, зеленчук и житарки. Нутриционистите сметаат дека ваквиот пост е ригорозен.
Во текот на постите човекот не ги задоволува неопходните потреби на клетките од хранливи, градивни и заштитни материи, без кои нема оптимална функција на организмот. И лекарите и свештениците ваквите пости не им ги препорачуваат на старите луѓе, бремените жени, болните и на децата. Овие лица тешко би ги издржале постите согласни се нутриционистите.


МАЛИ СОВЕТИ КАКО ДА СЕ ХРАНИТЕ ПО ПОСТОТ

Велигденските празници обилуваат со богата трпеза и неизбежно печено месо. Првиот ден треба да се јадат мали количества од тешко сварливата храна, вториот ден малку повеќе, а дури третиот ден може да се ужива во нормален оброк без било какви проблеми за желудникот и воопшто за здравјето. Наглиот премин од ригорозното постење кон јадење многу тешко сварлива храна кај многумина предизвикува несакани здравствени проблеми.


ЧЕСТИТ ВЕЛИГДЕН !

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ




Thursday, April 3, 2014

КАКО ДА НАПРАВИТЕ НАПИТОК ОД ЈОГУРТ И БАНАНА ?


ЈОГУРТ И БАНАНА

Напитокот од јогурт и банана е превкусен, освежителен и здрав. Лесно и брзо се подготвува.


ПОДГОТОВКА

Со миксер изматете една чаша јогурт, една иситнета банана, сок од лимун, 1 дцл. шлаг, 1 жолчка и 1 лажичка шеќер.


ДОБАР АПЕТИТ !

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ



Tuesday, April 1, 2014

КАКО ДА НАПРАВИТЕ НАПИТОК ОД ЈОГУРТ И ПОРТОКАЛ ?



ЈОГУРТ СО ПОРТОКАЛ


ПОДГОТОВКА

Со миксер изматете една чаша јогурт, сок од еден портокал, една жолчка и 2 лажички шеќер. Наместо портокал може да се стави 100 гр. пасирани јагоди, малини или капини.


ДОБАР АПЕТИТ !

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ